October 25, 2021, 7:42 am

Царовска: Aкo нe caкaтe дeтeтo дa ви yчи eлeктpoнcки, caми иcпpинтajтe cи гo yчeбникoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Законот за учебници нуди комбиниран модел на употреба, и на печатени и на дигитални учебници. Првпат ќе се види што значат тие за олеснување на работата и на наставниците, и на учениците, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

– Моделот што го нудиме е комбиниран, секој ќе може да избере на кој начин ќе учи. Ќе се види бенефитот на дигиталниот учебник, тоа не е учебникот што до вчера го имавме со милијарда факти внатре и само напишан и ставен во ПДФ. Концептот на учење е таму да има примери, насочувања кон истражувања. Секој родител кој смета дека нема да може неговото дете да учи електронски ќе може да си го испечати учебникот и нема да има проблем училиштето – таму каде што има недостиг на финансии во семејството, а таму ќе треба да се обезбедат и електронски уреди од страна на училиштето, рече Царовска.

Според неа, најважно е што првпат се зборува за квалитет зашто учебниците ќе немаат пропусти и несоодветни содржини на неквалитетни учебници кои, како што рече, „ги уништуваа нашите деца и со кои поминаа генерации“.

-Ако до вчера дискутиравме на тема за учебници за криминал, корупција и ексклузивни договори, среќна сум што денеска дискутираме и се фокусираме на квалитетот на учебниците. Со овој закон за учебници првпат поставуваме филтри кои треба да обезбедат квалитет, преку комисии составени од наставници од соодветниот предмет, претставници од високото образование и претставници кои имаат повеќе од десет години работно искуство за превенција од дискриминација и почитување на човекови права, за да станат минато оние учебници во кои имаше дискриминација врз основа на етничка припадност, врз жените, уништување на граѓанскиот концепт во државата и претставување на власта како доминантна моќ…, изјави Царовска по посетата на ОУ „25 Мај“ во Гази Баба.

Комбиниран модел на користење учебници, рече, се применува во Естонија, Словенија и Хрватска и тие земји се меѓу најдобрите на меѓународното тестирање ПИСА.

Во однос на здравствениот аспект и поминувањето дополнително време на децата пред компјутер, Царовска одговори дека тие и сега поминуваат непродуктивно време на социјалните мрежи и видеоигри на ИТ-уредите, без едукативни содржини и можности за истражување. Сега нивното внимание се насочува на продуктивно користење на уредите, нема да имаат само еден учебник, туку различни извори на учење, а дигиталните алатки ќе влијаат стимулирачки и со нив ќе ги стекнат потребните вештини што ќе им користат да се справуваат со предизвиците на дигиталниот свет по 20 години.

Свесна е, рече, за социјалната слика во земјава и дека повеќе од 1300 ученици дома немаат електрична енергија и затоа и во Законот за учебници се пресретнати сите потреби кои може да се појават и согласно можностите на нивните семејства тие ќе бидат сервисирани.

Latest News

Шeфoт на СЗO: Пaндeмиjaтa ќe зaвpши кoгa cвeтот ќe oдлyчи

Пандемијата на Ковид-19 ќе заврши „кога светот ќе одлучи да стави крај“, бидејќи „сите алатки“ за борба против вирусот...

More Articles Like This