ЦВЕЌИЊАТА И НИВНАТА СИМБОЛИКА: Каква симболика имаат цвеќињата кои ги подаруваме

  • February 26, 2019

Многу од цвеќињата имаат значење кое често се пренесувало со генерации. Говорот на цвеќето може да се пронајде уште во викторијанската ера. Во тоа време било непристојно маж да пријде на дама за да и ги изрази сопствените чувства, па мажите тоа го правеле на тој начин што одбирале цвеќе со одредено значење и и го испраќале како порака. Бидејќи пораките кои ги носело цвеќето биле често користени, жените ги разбирале јасно како да се напишани на лист хартија.

Рози

Постои причина зошто се тие најпопуларен избор на цвеќе во секоја пригода, а особено на свадбите. Белите рози ја симболизираат невиноста, убавината и шармот, црвените рози испраќаат порака на страст и разгорена љубов. Темнорозовите рози се користеле за изразување на благодарноста, додека розите во крем боја ја симболизираат верноста и лојалноста во бракот.

Лале

Лалињата се симбол на бесмртна љубов, па затоа ако планирате венчавка на пролет, не постои подобар начин да ја изразите својата љубов кон вашиот иден сопруг/а од тоа да носите букет од лалиња.

Хризантеми
Тие се омилено цвеќе на многумина, иако поретко се користат како подарок. Малкумина знаат дека токму хризантемите ја симболизираат романтиката и невиниот, чист дух.

Антуриум

Антуриумот во силно црвена боја симболизира желби за добро здравје и животна сила. Слично значење има и антуриумот во бела или розова боја, кој исто така симболизира нежно пријателство.

Орхиеја

Орхидејата во саксија, како гранка или пак како поединечен цвет се знак на длабока почит и пријателство и со нив се изкажува со нежност и приврзаност.

Кали

Калите се префинети цвеќиња кои потсетуваат на минатите генерации кога префинетоста и убавината биле строго правило. Поврзани со елеганцијата и шармот, калите се совршен цвет за создавање на софистициран впечаток. Често пати се подаруваат кога некој тaгyвa, порачувајќи им дека сме тука до нив за да им помогнеме кога им е нajтeшко, но често се носи и на погpeби и кога некој пoчинaл.

Претходно «
Следно »