Цвијиќ: Нема алиби и оправдувања, титулата мора да заврши во Скопје!

  • May 12, 2018

Драгана Цвијиќ стана една од клучните алки во составот на Вардар на патот да ја освои својата прва и веројатно единствена титула во Лигата на шампионите. Македонскиот првак денеска славеше победа над Ростов со 25:19 во полуфиналето, а утре ќе се обиде да му се реваншира на Ѓер за поразот во финалето од минатата година.

„Не му дадовме никаква шанса на Ростов денека. Имавме предност од четири, пет погодоци во текот на речиси целиот натпревар. Кога не ни одеше во нападот, тука на сцена стапуваше одбраната. Ростов има голем број опции во нападот, но нашата одбрана беше феноменална вечерва. Среќна сум и горда на овие девојки, тие се заслужни што вечерва сум среќна“, изјави Цвијиќ.

За Цвијиќ ова ќе биде прво финале против Ѓер во дресот на Вардар.

Претходно «
Следно »