„Цела држава бруи за рекетот кој го прават партиски функционери на СДСМ со еден медиумски газда, а ЈО вели дека истрага се уште нема“

  • June 28, 2019

Има или нема истрага за наводите дека медиумски газда со високи функционери на СДСМ рекетираат фирми и бизнисмени низ Македонија!? Заев и Јавното обвинителство – испостава на СДСМ, мора да одговорат, кој кого лаже и кој кого крие во случајов? Доколку има истрага од каде му на Заев информации, доколку нема што чека Јавното обвинителство до сега?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Доколку се точни наводите на Јавното обвинителство дека нема истрага тогаш неговото постапување се претвора во комедија, се гонат лица од ВМРО-ДПМНЕ, а не смее да се отвори истрага против функционери на СДСМ. Да не беше трагичнио ќе беше смешно! Цела држава бруи за рекетот кој го прават неколку партиски функционери на СДСМ со еден медиумски газда, а Јавното обвинителство вели дека истрага се уште нема, стои во партиското соопштение и се додава:

„Кого и зошто чека Јавното обвинителство и зошто нема истрага за рекетот, за кој со денови пишуваат медиумите, што треба да се случи за да имаме истрага? Двојните аршини се само показател дека нема владеење на правото, туку дека политиката одлучува во Македонија. Безаконието и неказнивоста мора да запре. Одговорност ќе има за сите“.

Претходно «
Следно »