September 29, 2020, 8:42 pm

ЦЕЛОСЕН ИЗВЕШТАЈ НА МВР ЗА РАЦИЈАТА: Приведени 26 лица, затворени 19 објекти, пронајдена дрога и танчарки од Србија

Поврзано

Клacтер на Институтот за рaдиологија?: Рентген техничар одел на работа со симптоми на koвид-19

Рентген техничар на Институтот за рaдиологија (рeнтген институт) е позитивен на кopoнавирус. Според првичните информации, тој доаѓал три дена...

Мицкоски: Да се биде најнaпaѓаниот политичар од овие мaфијаши на власта мене ми дава мотив да истрaaм во бopбата пpoтив нив

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во телевизија Телма истакна дека единствена причина поради која тој е мeта...

Мицкоски до Лупевска: Пpoблемот е што наместо да збориме за дебAkлот во државата го читате Статутот на ВМРО-ДПМНЕ

Јас не можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ зaгуби на едни чесни избори. Но, сега во овој момент она што...
- Advertisement -

Од МВР денеска соопштија детали за синоќешната акција со УЈП која ја извршија во повеќе кафулиња и дискотеки во Гостивар, Тетово, Прилеп и Велес.

 

Ова е соопштението на МВР во целст:

Врз основа на претходно добиени оперативни сознанија дека во голем број угостителски објекти не се почитуваат законските прописи во поглед на функционирањето на правните субјекти, незаконски престој на лица во Република Македонија, користење наркотици и слично, Министерството за внатрешни работи во соработка со Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат синоќа реализираше акциски контроли на подрачјето на СВР Тетово, СВР Велес и СВР Битола, а беше спроведена и зајакната контрола во врска со управувањето на возила од граѓани под дејство на алкохол, соопшти на денешната прес конференција директорот на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски.

„Контролите почнаа во 22 часот во Прилеп и продолжија до рано изутрина во Велес, Тетово и Гостивар. На подрачјето на СВР Тетово односно градовите Тетово и Гостивар, контролирани се 31 објект. При извршените контроли, на 19 објекти од страна на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат изречени се мерки забрана за вршење на дејност во траење од 15, односно 30 дена за непочитување на законските прописи согласно Законот за регистрирано готовинско плаќање (неиздавање на фискална сметка или непоседување на фискален апарат) и Законот за угостителска дејност (физичко лице кое врши угостителска дејност без да се регистрира во регистар).

За време на спроведувањето на акциската контрола приведени се вкупно 26 лица, од кои 16 македонски државјани (поради поседување на наркотична дрога и непоседување на документи за лична идентификација) и десет странски државјанки (девет државјанки на Република Србија и една на Република Црна Гора) поради злоупотреба на туристички престој во Република Македонија и нерегулиран престој во Република Македонија. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, рече Велковски.

Од извршениот преглед на лица- гости во објектите кај повеќе лица се пронајдени паковки со прашкаста материја. Тие се приведени во ПС Тетово и ПС Гостивар.

„Поради сторени прекршоци од Законот за приватно обезбедување на две лица македонски државјани им се издадени записници за констатиран прекршок и изготвени се прекршочни платни налози согласно Законот за приватно обезбедување.Контролирани се и неколку објекти на подрачјето на СВР Битола, но таму не се констатирани посериозни прекршоци“, рече Велковски.

При спроведувањето на акциската контрола не е констатирано нарушување на јавниот ред и мир.

„Од страна на СВР Велес, во градовите Велес, Кавадарци и Неготино, беше спроведена и зајакната акциска контрола во врска со управувањето на возило од граѓани под дејство на алкохол, при што алкотестирани се вкупно 232 возачи и притоа кај 29возачи е утврдено присуство на алкохол. Министерството за внатрешни работи во соработка со другите институции ќе продолжи со ваквите контроли и во наредниот период“, соопшти Велковски.

Latest News

Порошенко позитивен на кopoнавирус

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко преку својот Фејсбук профил соопшти дека се зapазил со koронавирус, пренесоа британските медиуми. Поради инфekцијата,...

Клacтер на Институтот за рaдиологија?: Рентген техничар одел на работа со симптоми на koвид-19

Рентген техничар на Институтот за рaдиологија (рeнтген институт) е позитивен на кopoнавирус. Според првичните информации, тој доаѓал три дена на работа иако бил болeн,...

Мицкоски: Да се биде најнaпaѓаниот политичар од овие мaфијаши на власта мене ми дава мотив да истрaaм во бopбата пpoтив нив

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во телевизија Телма истакна дека единствена причина поради која тој е мeта на секојдневни нaпaди е тоа...

Мицкоски до Лупевска: Пpoблемот е што наместо да збориме за дебAkлот во државата го читате Статутот на ВМРО-ДПМНЕ

Јас не можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ зaгуби на едни чесни избори. Но, сега во овој момент она што е клучно во државата е...

Во Македонија се случува политички peваншизам, тepoр и економски колaпc

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев во своето гостување на Телевизија Сител во однос на спpoведувањето во зaтвoр на Гордана Јанкуловскаво зaтворoт Идризово истакна...

More Articles Like This