November 28, 2021, 7:04 pm

Целосно зaтварање на Нов Зеланд поради еден случај на ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн прогласи тридневно затворање на земјата откако беше регистиран еден локален случај на зараза со Ковид-19.

Таа посочи дека Нов Зеланд не смее да ризикува со делта сојот.

– Видовме што може да се случи ако ситуацијата не ја ставиме под контрола. Имаме само една шанса, истакна Ардерн во телевизиското обраќање до нацијата.

Во Окланд, каде е регистриран новиот случај, затворањето ќе трае една недела.

Двете мерки стапуваат во сила вечерва.

На Нов Зеланд шест месеци не беше регистриран ниту еден локален случај. Околу 20 проценти од населението на Нов Зеланд е вакцинирано против Ковид-19.

Latest News

(Видео) Шпионcka афepa во САД: Откриен таен советски агент испратен да го поткопа економскиот систем на земјата

Американските републикански сенатори открија таен „советски агент“ испратен во САД во 1991 година со намера да го поткопа тамошниот...

More Articles Like This