December 4, 2021, 6:20 pm

Целосно обработени податоците од Градско, Дојран, Лозово, Росоман и Центар Жупа, ова се резултатите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На веб-страницата на Државната изборна комисија објавени се првичните резултати од пет општини каде се обработени 100 отсто од податоците – Градско, Дојран, Лозово, Росоман и Центар Жупа.

Според податоците на Државната изборна комисија, во три од овие пет општини се избрани градоначалници во првиот круг, додека во две ќе се гласа по втор пат.

Во првиот круг се избрани следните градоначалници:
– Киро Нацков од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Градско со освоени 55,66% од гласовите;
– Анго Ангов од СДСМ за градоначалник на Дојран со освоени 53,21% од гласовите;
– Аријан Ибраим од ДПТМ за градоначалик на Центар Жупа со освоени 71,16% од гласовите.

Втор круг сигурно ќе има во:
– Лозово, каде води кандидатот на СДСМ, Ацо Велковски, со 44,78% од гласовите, наспроти 27,58% колку што освоил кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Бошко Цветковски.

– Росоман, каде води кандидатот на СДСМ, Стојан Николов, со 45,38% од гласовите, наспроти Тихомир Николов од ВМРО-ДПМНЕ кој освоил 37,43% од гласовите.

При крај е броењето на гласовите во уште три општини: Богданци, Пласница и Чешиново-Облешево.

Latest News

(Видео) Hемири во Виена: Над 10 000 демонстpaнти се cyдрија со полицијата која со кучиња ја рacтеруваше толпата

Во центарот на Виена се одржуваат бројни протести на противниците на мерките за корона и задолжителната вакцинација, поради што...

More Articles Like This