ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ВО ЕВРОПА ЌЕ РАСТАТ: Поради недостиг на соработка на ЕУ со Русија, руската нафта ќе се извезува во Кина, европјаните ќе плаќаат поскапа нафта!

  • January 3, 2018

Цените на нафтата значително растат на европскиот пазар поради стратегијата на Русија која се нарекува „Вртење кон исток“

Како што јавува агенцијата Блумберг, повикувајќи се на прогнозите на консултантската компанија ФГЕ, цените на нафтата во земјите на ЕУ значително растат во контекст на преориентацијата на Русија на нафтениот пазар на Кина. Според прогнозата на компаниите, Русија ќе го зголеми обемот на испорака на нафта во Кина за 200.000 барели дневно во 2018. година, и така ќе стане најголем извозник.

„Русија навистина почнува оперативно да го сели извозот на нафта од Европа во Кина. Иако ние очекуваме извозот на нафта од Русија во 2018. година да остане на нивото од минатата година“, се наведува во прегледот на ФГЕ од 29.декември.

Според податоците на ФГЕ, зголемената испорака кон Кина ќе доведе во јануари и фебруари до намалување на извозот од Приморск и ќе го намали извозот во источна Европа во март. Испораката на „Уралса“ од Приморск најверојато ќе падне во јануари на 160 илјади барели дневно во споредба со минатата година, а испораката од Новоросиск најверојатно ќе остане на претходното ниво со можност за мал раст, вели консултантот.

Во мај на форумот „Еден појас – еден пат“ во Кина претседателот на „Росњефт“ Игор Сечин изјави дека неговата компанија на крајот на 2016.година во Кина испорачала 34.5 милиони тони нафта, односно два пати повеќе отколку три години претходно.

Шефот на компанијата нагласува дека вакви резултати би биле невозможни без партнерството со кинеската нафтеногасна корпорација ЦНПЦ, која купува 80% од нафтата која „Росњефт“ ја испорачува во Кина.

На почетокот на септември „Росњефт“ и кинеската компанија (ЦЕФЦ) потпишаа договор на Деветиот самит на БРИКС за стратешка соработка и долгорочен договор за испорака на нафта. Со ова ќе се зголемат директните испораки на нафта на кинескиот пазар.

Претходно «
Следно »