ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ НАЈРИЗИЧЕН: Од Чешма во Кисела Вода, преку Центар до Лепенец, Скопје лежи на процеп длабок 200 метри!

Поврзано

(Видео)СО ЦИСТЕРНА ВЛЕТА МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ: Инцидент на протестот во Минеаполис, САД – возач на цистерна влета во толпата демонстранти

Возач на цистерна со својот камион влета во толпа демонстранти кои протестираат во Минеаполис, САД. Инцидентот се случил на...

(Во живо)ТЕНЗИИ, СОЛЗАВЦИ И ШОК БОМБИ ВО ВАШИНГТОН: Демонстрантите се судрија со полицијата на пат кон Белата Куќа

Растат тензиите во САД откако група демонстранти се собраа пред Белата Куќа во американската претстолнина Вашингтон, во рамки на...

СТРОГО ЧУВАНА ТАЈНА: Никој не знае колку чинат новите градски автобуси

Строго чувана тајна е цената на новите автобуси кои градоначалникот ги промовираше пред неколку дена. Ниту барањето за слободен...

Евентуален силен земјотрес во главниот град може да направи голем неред во централното градско подрачје во близина на Старата железничка станица, а со иста судбина би завршиле и населбите Карпош и Влае. Ова го тврди студијата на пензионираниот професор на Градежниот факултет, Апостол Поцески, чии испитувања покажале дека силниот земјотрес би ги срушил и висококатниците во населбите Аеродром, Ново Лисиче и Кисела Вода. Според неговите истражувања, главниот град главно лежи на нестабилна почва со големи разлики во длабочината на земјата, а тоа всушност претставува главен фактор што предизвикува несакани последици – пишува Нова Македонија

procep

Како што е објаснето во студијата „Ефектот на почвата од скопскиот земјотрес во 1963 година“, испитувањата на земјата под главниот град покажале дека најголеми оштетувања тогаш имале објектите што биле изградени врз голем процеп длабок околу 200 метри, што се протега од населбата Кисела Вода до реката Лепенец.

– Процепот минува низ делот кај Чешма во Кисела Вода, па преку улицата пред Старата железничка станица продолжува до поранешниот плоштад „Слобода“ кај Домот на градежници. Потоа, преку улицата Ленинова продолжува на булеварот Партизански одреди, па кај полициската станица во Карпош, преку Влае завршува кај реката Лепенец – стои во студијата на Поцески.

Во материјалот се вели дека Скопската Котлина е пресечена со многу процепи, но овој е најстрашен затоа што минува токму низ центарот на градот.

Од Државниот завод за статистика, пак, потврдуваат дека територијата на нашата земја претставува трусно подрачје на кое секоја година се случуваат земјотреси со просечен интензитет во епицентарот од 4 степени според Европската макросеизмичка скала.

Во последниот официјален извештај што ги мери земјотресите што се случиле во изминативе 25 години, се вели дека на целата територија на Македонија биле забележани повеќе од 20 со интензитет околу 6 степени, како и три со интензитет поголем од 7 степени според Европската микросеизмичка скала.

Кога станува збор за земјотресите во светски рамки, од 1900 до 1999 година, потресите направиле вкупна штета што во денешна вредност се проценува на повеќе од еден трилион долари. Како што покажуваат светските статистики, во оваа бројка се вклучени проценетите загуби од цената на поправките за секој од 1.248 разурнувачки земјотреси регистрирани во текот на минатиот век и е приспособена според вредноста на парите во 2000 година.

Ендрју Кобурн, инженер-архитект и извршен директор на водечката светска компанија за осигурување „Решенија за справување со ризици“, објаснува дека трошоците изнесуваат околу 10 милијарди долари годишно. Но оваа сума драстично се зголемува, така што во текот на векот просечната годишна стапка на трошоците за земјотреси енормно е зголемена. Во последната декада од минатиот век стапката на загуби е проценета на 20 милијарди долари годишно. Според истражувањето ова се случува поради зголемувањето на бројот и вредноста на имотот што може да биде зафатен од земјотрес. Цената на трошоците предизвикани од земјотрес во минатиот век биле помали бидејќи имало помал број на жители, а и цените за поправка на домовите биле пониски.

М.Б.за
Нова Македонија

ПРОЦЕНА ЗА СТАБИЛНОСТ НА 71 ОБЈЕКТ
Екипите од Институтот за земјотресно инженерство (ИЗИИС) продолжуваат со посетите на објекти од јавен интерес за да увидат какви штети направиле серијата земјотреси што го потресоа главниот град.

До вчерашниот ден направена е процената за стабилност на 71 објект, а станува збор за 16 градинки, 22 основни и 8 средни училишта, еден факултет, пет здравствени објекти, 1 суд, 8 административни објекти и 10 згради.

Исто така, постои информација за оштетени стотина објекти од јавен интерес, но засега не е познато за кои точно станува збор

Актуелно

(Видео)СО ЦИСТЕРНА ВЛЕТА МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ: Инцидент на протестот во Минеаполис, САД – возач на цистерна влета во толпата демонстранти

Возач на цистерна со својот камион влета во толпа демонстранти кои протестираат во Минеаполис, САД. Инцидентот се случил на...

(Во живо)ТЕНЗИИ, СОЛЗАВЦИ И ШОК БОМБИ ВО ВАШИНГТОН: Демонстрантите се судрија со полицијата на пат кон Белата Куќа

Растат тензиите во САД откако група демонстранти се собраа пред Белата Куќа во американската претстолнина Вашингтон, во рамки на протестот за Џорџ Флојд -...

ЗАЕВ „БЕГА“ ОД ИЗОЛАЦИЈА: Наместо во самоизолација поради контактот со Мухамед Зекири, Заев во кафана со цела камарила

Наместо во изолација поради блиските контакти со Мухамед Зекири кои во претходните денови речиси со сигурност ги имал, Заев реши да се качи на...

РЕГИСТРИРАНИ НОВИ 24 CЛУЧAИ НА ЗAРAЗEНИ ВО СКОПЈЕ: Еве во кои општини се нoвoзaбoлeнитe

Денеска во Скопје се регистрирани 24 нови случаи на ковид-19. По општини: Бутел – 6, Чаир – 11, Гази Баба – 1, Карпош –...

(ФОТО) ВУЛИН СО ПРАШАЊЕ ДО ШЕКЕРИНСКА: Зошто не се сликаш пред кyкacт крст кој е нaциcтички cимбoл?

Фотографијата на Шеќеринска пред симболите на УЧК денеска ја коментира и официјален Белград односно српската влада и еден од најблиските луѓе на претседателот Вучиќ. Според...

Повеќе вести