ЦЕНТРИ НА МОЌ ОД САД ОТЦЕПУВААТ ПРАВОСЛАВНИ ТЕРИТОРИИ: Криза во секоја земја низ која ќе поминува Рускиот гас!

  • April 23, 2016

Парадоксално е тоа што во секоја потенцијална транзитна држава за рускиот гас во регионов почнаа скандали, интриги, немири и терор, забележуваат грчките медиуми нагласувајќи дека со притисок не се соочуваат единствено Тирана и Софија. Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, грчкиот портал “Defence net” информира дека кошмарот за голема Албанија е потврден и во Грција, со првиот инцидент меѓу Грци и Албанци поддржувачи на УЧК, што пред два дена се случил во Патра, а завршил со физички пресметки и поврдени.

terorsiti_kumanovo_sud4

“Во тек е обид за отсекување на територии од сите православни земји ( и од Грција ) од центри на моќ од источниот брег на САД кој што сакаат да удрат на православната оска која што почнува од Атина, па се до Москва и со тоа да го урнат гасоводот кој што ќе го носи рускиот гас во Европа”, пишува “Defence net”.

Анализирајќи ја состојбата и во Македонија, порталот информира дека земјата од јануари ја потресуваат откритија и оставки, нагласувајќи дека се почна еден месец пред објавувањето на конструкцијата на рускиот гасовод до централна Европа преку Атина виа Скопје.
“Новиот американски амбасадор во Скопје, Џес Бејли пристигна во земјата пред околу една година. Каде беше претходно? Во Турција со потребниот талент за кревање револуции ( иако неуспешно ) како што беше во Гези парк на плоштадот Таксим. Секако, учеството на Вашингтон во моменталните нереди во Скопје е чиста “коинциденција”, со оглед на тоа што “активноста” на соросовите фондови јасно го укажува финансискиот координатор на овие протести, велат руските тајни служби”, пишува “Defence net”, нагласувајќи дека на денот на крвавите напади во Куманово, македонскиот претседател Ѓорге Иванов беше во Москва на Парадата на победата и дека Македонија е една од ретките европски држави што одби да ги поддржи анти-руските санкции на ЕУ. Освен согласноста за учество во Турски тек, Македонија се приклучи и кон идеата за кинескиот проект Патот на свилата што ќе минува од грчкото пристаниште во Пиреа до Србија и Унгарија. И тогаш, македонската Влада одеднаш стана неприфатлива за Западот, се констатира во анализата.

Порталот заклучува дека американските “куратори” повторно со старите методи се обидуваат да истуркаат “мирна” промена на режимите на Балканот.

“Реонот на Балканот се до Каспиското Море е многу важен за новиот светски поредок кој што е укотвен во САД за да се постигне стратегијата на заобиколување на Русија, а потоа и Кина, двете суперсили кои што сеуште имаат национален суверенитет. Во Грција тоа се промовира со сите средства и начини од локални медиуми и “уметничкиот” и “писмен” естаблишмент на атеизмот, кои што удираат врз Православието, а и имаат и цел грчкиот народ да нема пријателски чувства кон Москва”, пишува “Defence net”.

Грчките медиуми веќе со месеци информираат дека зад обидот за пуч во Македонија, објавувањето на незаконски снимените разговори и терористичкиот напад стојат западните сили, кои што со помош на опозицијата и соросовите активисти се обидуваат да направат обоена револуција и да ја соборат демократски избраната влада. Истотo неколку пати го потврди и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Претходно «
Следно »