Ценaтa нa cpeбpoтo cкокна за 70 отсто за една гoдинa

Поврзано

- Advertisement -

Цената на среброто, метал што често е под сенка на посјајниот „роднина“ златото, скокна повеќе од 70 отсто во изминатата година, а стратезите за производи велат дека растот веројатно ќе продолжи со повторното отворање на глобалната економија.

Побарувачката за овој благороден метал нагло се зголеми во последните 12 месеци, што влијаеше врз цената на среброто кое се тргуваше за околу 27 долари за унца оваа недела, или 74 отсто повеќе од пред една година кога беше околу 15,5 долари за унца.

За споредба, цената на златото се зголеми 6,4 отсто за една година, пренесува CNBC.

Среброто се користи во многу индустрии – од електроника до производство на фотографии, накит и монети.

Поради високата електрична спроводливост и издржливост, што овозможува широки индустриски и технолошки апликации, речиси сите компјутери, мобилни телефони, автомобили и други уреди содржат сребро, според Институтот за сребро.

Податоците на таа институција покажуваат дека од почетокот на 2021 година до денес, побарувачката за сребро е поголема од понудата, пренесува СЕЕбиз.

Оле Хансон, раководител на стратегиите за пазарот на стоки во Саксо банка, за CNBC изјави дека околу 50 проценти од побарувачката на сребро доаѓа од индустријата, а остатокот е од инвеститори. Додава дека, сепак, индустриската употреба на среброто е една од главните причини што доведе до скок на цените.

Според него, дополнителен фактор кој исто така одигра улога во растот на цените на среброто е преминот кон зелените технологии, кои го стимулираа растот на побарувачката за индустриски метали како што е среброто, кое, на пример, се користи во производството на соларни панели.

Latest News

Кристијан Ериксен е успешно опepиран, се очекува во петок да ја нaпyшти бoлницaта

Кристијан Ериксен беше успешно опериран, објави „Марка“. Следниот петок се очекува да биде пуштен од болница. Тој има вградено...

More Articles Like This