ЦЕЦА ЗАВЕАНА СО СНЕГ ПЕЕШЕ ПРЕД 10.000 ЛУЃЕ: Тоа што го кажа пред публиката ги воодушеви сите

  • March 2, 2018

Фолк дивата одржала голем концерт во белградската општина Лазаревац, а голем број на луѓе дошле да уживаат во хитовите на Цеца, иако температурите биле под нулата.

Цеца Ражњатовиќ вчера се дружеше со околу 10.000 обожаватели, а концертот почнал во 20 часот.

Неа не и сметало што веело снег, па пеела со насмевка на лицето за сите оние кои дошле на плоштадот во Лазаревац.

– Драги мои, фала што сте во волкав број дошле да се дружиме. Многу се радувам што вечерва заедно ќе се веселиме и играме. Ова е доказ дека временските прилики и минус температурите не ни можат ништо, порачала Цеца, која вечерта ја отворила со песната „ Воздух кој дишем“.

Излегла на почетокот на сцената и им порачала на публиката.

– Бидејќи сте вие на снегот ќе бидам и јас со вас. Вечерва нема привилегирани освен музичарите кои поради техниката мора да бидат под покриен дел Ви благодарам на оваа љубов која секогаш одново ме крева, изјавила Цеца.

Претходно «
Следно »