ЦЕЦА НЕМА ДА СЕ ШТЕДИ: За својата идна снаа нарачала венчаница од Париз!

  • April 10, 2019

Светлана Цеца Ражнатовиќ започнала со подготовките на свадбата на својот син Вељко Ражнатовиќ, кој на лето ќе се жени со Богдана Родиќ, пренесуваат српските медиуми.

Свадбата ќе биде традиционална, па младоженецот ќе пyкa во јаболко.

Како што пишуваат медиумите во регионот, Вељко ќе оди по невестата во нејзиниот дом во Тител каде ќе ги испочитува сите обичаи за да ја добие раката на Богдана, ќе направи исто како неговиот татко пред 24 години кога пристигнал по Цеца.

Свадбата и прославата ќе бидат во Белград, а наводно Цеца за својата идна снаа нарачала венчаница од Париз.

На прославата ќе бидат поканети околу 500 гости.

„Цеца е жена која ги почитува обичаите и традициите. Свадбата на синот за неа е најголема прослава и сака се да помине во најдобар ред. Деталите ги средуваат идните младоженци, а таа е тука да помогне. Ја одбраа и локацијата, а тоа ќе биде еден хотелот на Нов Белград каде што Вељко славеше полнолетство“ вели извор и додава дека Цеца нeмa да се штеди.

„Цеца се одлучи за најскапото мени, таа ќе плати 75 евра по личност. Нејзина желба е да има храна за сечиј вкус, па на менито ќе има традиционална српска храна, но и риба, посна храна, овошје, печено месо….Исто важи и за пиeњeтo. Салата ќе биде посебно декорирана, масата, столовите, цвеќето ќе бидат декорирани со иницијалите на Вељко и Богдана, а на средина на салата ќе има видео бим на кој ќе се пушти краток филм за Вељко и Богдана. Како стојат работите, Цеца најверојатно ќе се pacплаче, но сигурно ќе запее“ вели изворот.

Семејството Ражнатовиќ не било достапно да ги прокоментира овие пишувања.

Претходно «
Следно »