ЦИА СТОИ ПОЗАДИ НАПАДОТ ВО ИСТАНБУЛ: Висок турски политичар од партијата на Ердоган ги обвини САД и ЦИА за нападот!

  • January 1, 2017

Турскиот новинар и книжевник Шамил Тајар објави дека за нападот во Истанбул не е виновна ниту ИСИС, или пак Курдите, ниту пак било која друга терористичка група, според него „одговорна е ЦИА“

istanbul-nightclub-attack6

Крвавиот напад во ноќниот клуб во Истанбул во новогодишната ноќ е топ тема во светските медиуми.
Сеуште никој нема преземено одговорност за нападот, иако самиот чин, како и целта на нападот, сугерираат дека се работи за ИСИС. Турција често е цел на напади на Работничката партија на Курдистан, но Курдските милитанти никогаш досега не напаѓале цивили, туку нивната цел е војската и полицијата.
istanbul_napad

Угледниот турски новинар, политичар и книжевник Шамил Тајар, инаку висок функционер во партијата на Ердоган АКП, на Твитер објави порака која ги вознемири светските елити.
„Нападот на ноќниот клуб Реина е одмазда на ЦИА за постигнувањето на мирот во Сирија. Се додека Обама не оди, Турција нема да има мир“, напиша на Твитер Тајар.

%d1%82%d0%b0%d1%98%d0%b0%d1%80
Тајар, потоа отиде чекор понатаму.
„Сите договори и меморандуми за соработка, како и дипломатски односи со Америка, би требало да се прекинат и да бидат разгледани“, додал Тајар.

586928c8-f70c-4a86-88d5-4e920a0a0a64-c1gkrrqw8aayhqk
Од Турција се почесто се слуша како позади поединечните терористички напди стојат американските разузнавачи служби. За нападот бројни руски и турски политичари за неодамнешното убиство на амбасадорот на Русија и Анкара ги обвинија токму САД и ЦИА.

Претходно «
Следно »