ЦИКЛОН ХЕКТОР НАД МАКЕДОНИЈА:Носи олуен ветер, врнежи, грмежи и услови за невреме со град!

  • March 17, 2018
  • Коментари

Под влијание на моќниот циклон ХЕКТОР во текот на денешниот ден (сабота_ ќе дува засилен, повремено СИЛЕН ветер од јужен правец кој локално ќе достигнува брзина од 80 до 90 км/час.

Времето ќе биде умерен до значително облачно иако понекаде особено во централните и источните предели ќе има повремени сончеви периоди додека на запад повремени локални слаби врнежи од дожд.
” Навечер и во текот на ноќта кон утрешниот ден недела најпрвин на запад ќе има врнежи од дожд кој полека ќе се шират и во останатите предели. На високите планини на запад ќе има врнежи од снег.
Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со поинтензивни врнежи и грмежи.

Максималните дневни температури на воздухот денес (сабота) ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.

НАПОМЕНА: Поради силното јужно и југозападно воздушно струење и понатаму од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок од Сахара па поради ова атмосферата ќе биде заматена

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: На патниот правец А2 Струга – г.п. Ќафасан, од бензинска пумпа КМР до м.в. Добра Вода – с. Франгово (во должина од 3км) се препорачува исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 км/час.

Претходно «
Следно »