Ципрас да ги објави сите податоци за тајните фондови

Поврзано

Историска средба: Путин го покани Зеленски во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен да разговара за билатералните односи со украинскиот лидер Владимир Зеленски во...

Словачка пpoтера тројца руски дипломати

Братислава протера тројца вработени во руската амбасада, објави премиерот на Словачка, Едуард Хегер. „Словачка протера тројца руски дипломати. Во согласност...

Состојбата нe се подобрyва: Одложeн планот за ублажување на ковид мерките во Шведска

Шведска, која во текот на пандемијата ги избегнуваше мерките за заклучување, ќе го одложи планот за ублажување на некои...
- Advertisement -

Најголемата грчка опозициска партија, Нова Демократија побара од грчката Влада да ги објави сите податоци што ги поседува за располагањето со тајните фондови. Во соопштение под наслов „Ципрас, Каменос и Коѕијас да ги објават нивните доверливи тајни“, партијата нагласува дека она што го пишуваат медиумите во врска со раководењето со тајните државни фондови е важно политичко прашање.

– Господинот Каменос кој го обвини господинот Коѕијас за нетранспарентност во располагањето со доверливите фондови на Министерството за надворешни работи, треба уште денеска да ги објави сите податоци што ги има.

– Како и господинот Коѕијас, кој очигледно неслучајно побара да се проверат средствата со кои раководи Каменос како министер за одбрана. Управувањето со државните фондови не се однесува само на рамнотежата во Владата и на меѓусебно уценетите нејзини лидери, туку и на целото грчко општество. Владата и лично Ципрас треба на граѓаните да им дадат јасни одговори, се наведува во соопштението на Нова Демократија.

Нова Демократија повтори дека по заминувањето на Коѕијас, извесно е дека владата на Ципрас нема мандат да продолжи со имплементирањето на Преспанскиот договор и повика на гласање на недоверба и закажување нови предвремени парламентарни избори во Грција.

Latest News

Сeрија зeмјотреси во Грција нaјсилниот 4,1 степен

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва ја потресе Грција, јавуваат локалните медиуми. Според порталот „Flash.gr“, Обединетата...

More Articles Like This