ЦИПРАС „МPTOB ЛАДЕН“ ГИ ПОТОНА ЛАГИТЕ НА ЗАЕВ: Договорот од Преспа не е за членство во НАТО и ЕУ, туку е за промена на името!

  • December 8, 2018

Грчкиот премиер конечно ја истакна суштината на Преспанскиот договор, со кој Грција еднострано си го решава имагинарниот проблем со Македонија, Македонскиот народ и Македонскиот јазик. Меѓутоа Ципрас остана јасен на ставот дека освен тоа, договорот не е поврзан со одлуки за прием во меѓународни организации

Имаме многу важен договор со северните соседи, договор што се однесува на перспективата на соработка и мир во регионот, вели грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервјуто за руската емисија „Formula of Power“ и објаснува дека за Грција, Договорот од Преспа не е поврзан со одлуката на соседот да влезе во некоја меѓународна организација, туку е поврзан со решавањето на едно историско нерешено прашање.

Ципрас изразува надеж дека од сега па натаму голем број земји во светот, вклучувајќи ја и Русија „ќе престанат да ја признаваат соседната земја под нејзиното денешно уставно име и ќе ја стават географската одредница Северна Македонија“.

Сметам дека овој договор е историски чекор, што за Грција воопшто не е поврзан со изборот на соседите дали ќе влезат во некоја меѓународна организација или не, но е поврзано со решавањето на едно историско нерешено прашање во однос на името на соседот.

Согласно ова верувам дека од сега па натаму ќе се промени и ќе им овозможи на голем број земји во светот, вклучувајќи ја и Русија, да престанат да ја признаваат под нејзиното денешно уставно име, односно името Република Македонија, туку ќе ја стават географската одредница Северна Македонија, бидејќи Македонија за нас е многу важен елемент на нашето античко- грчко, културно наследство и култура, па така, тука треба да постои јасна и искрена поделба. За мене ова е еден важен чекор. – вели Ципрас во интервјуто.

Грчкиот премиер потенцираше дека не само што Грција излезе од кризата, туку дека „земјата ја надгради нејзината геополитичка улога во регионот како сила на стабилност, безбедност и соработка“.

Претходно «
Следно »