August 14, 2020, 3:06 am

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Нема да го поддржиме овој договор со Бугарија- еве ги причините

Поврзано

Адеми: До трето одделение со физичко присуство, другите ученици ќе учат од дома

Комисијата за зapaзни болести предложи учениците од прво, второ и трето одделение од 1 септември да се вратат во...

Пендаровски: Ако Заев не обезбеди мнозинство, го враќа мандатот назад

Претседателот Стево Пендаровски по денешнатра средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека мандатот му го доверил на...

Земјотрес регистриран во пехчевското епицентрално подрачје

Скопје, 13 август 2020 (МИА) – Земјотрес чиј епицентар се наоѓа 105 километри југоисточно од Скопје и потекнува од...
- Advertisement -

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека на синоќешната седница биле разгледани повеќе актуелни политички прашања и донесени неколку заклучоци.

Во однос на прашањето за Договорот за пријателство, соработка и добрососедство со Република Бугарија, по завршување на дискусиите на поголем број членови на Централниот Комитет се сублимираа следните заклучоци:

-Општо земено ЦК на ВМРО-ДПМНЕ оценува дека е добро да се потпише Договор за добрососедство со Република Бугарија, заради зацврстување на соработката и пријателството меѓу државите и секако заради најавата на Република Бугарија дека поцврсто би го поддржала патот на Република Македонија кон полноправно членство во НАТО и Европската Унија. Од овие причини во времето кога ВМРО-ДПМНЕ ја предводеше Владата на Република Македонија, низ повеќе години водеше преговори за усогласување на текстот на договорот, активност која беше завршена освен за неколку прашања за кои не беше постигнат договор и се бараше взаемно прифатливо решение, се до моментот кога се постави новата марионетска влада во Република Македонија.

Овие незатворени прашања се однесуваат на:

-барањето на Република Македонија како и во сите други договори на Република Македонија и Република Бугарија со сите други земји, да изостанат зборовите „согласно уставот“ кога станува збор за македонскиот јазик, со што ќе се отстранат наводите дека Република Бугарија дури 72 години по кодификацијата на македонскиот јазик, во 21-виот век не го признава македонскиот јазик и го смета за дијалект на бугарскиот

-барањето на Република Бугарија за промена на учебниците по историја во Република Македонија со која де-факто македонската историја, македонските историски личности и настани ќе се претстават како дел од историјата на Република Бугарија, со што во целост во учебниците во училиштата за следните генерации ќе се избрише македонската историја и ќе се формира комисија во овој правец за следење на спроведувањето на оваа одредба

-инсистирањето на Република Бугарија да стои во договорот дека Република Македонија и Република Бугарија имаат заедничка историја со заднина да се потврди тезата дека македонската историја е бугарска, што води кон тоа дека и Македонците се измислена нација од 1944 година наваму, и во тој контекст и барањето за заедничка прослава на историските настани и личности кои се автохтоно македонски како Илинденското востание, на пример.

-одредби во договорот со кои Македонија еднострано би се откажала од грижата за македонското национално малцинство во Бугарија, се вели во соопштението на Централниот Комитет на партијата.

По средбата во Софија и одржаната прес-конференција на двајцата премиери, се додава во соопштението, договорот до пред неколку дена се криеше од општата и стручна јавност во Македонија, а во Бугарија и бугарските медиуми беше видливо задоволството од договорот. По презентацијата на договорот пред пратениците во Собранието на Република Македонија, кога од страна на Зоран Заев беше укажано дека текстот не е конечен и може да трпи корекции, беше видливо дека Владата на Република Македонија ги прифатила позициите на Република Бугарија за сите спорни прашања, и беше очигледно дека никаде во договорот не се спомнува македонскиот народ.

-Во таа прилика, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги дадоа своите конструктивни и добронамерни забелешки до Владата со цел текстот до моментот на потпишувањето да се подобри, а со крајна цел двете држави да се комфорни при потпишувањето, наместо кај едната да има чувство на победник, а кај другата чувство на поразен. И секако со цел и ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот на Република Македонија да даде поддршка на ваков значаен договор. За жал, кога пред неколку дена се објави конечниот текст се виде дека ниту една од конструктивните забелешки на ВМРО-ДПМНЕ не е прифатена и сите спорни точки од договорот се прифатени согласно ставовите и позициите на Република Бугарија. По овој чин, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш во четвртокот јавно ја повика Владата на СДС до денот на потпишувањето да вложи напори да се променат спорните делови кои можат да нанесат долгорочни штети по државните и националните интереси на Република Македонија и македонскиот народ, јазик и историја и кои што можат да предизвикаат  наместо решенија на проблемите да се креираат нови проблеми – но за жал и на овој апел до денес немаме позитивен одговор, стои во соопштението на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука, доколку работите останат вакви, Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ заклучи дека и покрај големата желба и искрена волја, ВМРО-ДПМНЕ нема да е во можност да даде поддршка на овој договор во Парламентот на Република Македонија.

-Со сегашните одредби на овој договор, можеби не веднаш, но по една и повеќе години од неговото потпишување, во времето на неговото спроведување, Република Македонија ќе се соочи со сериозни проблеми, чие решавање ќе биде на штета на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ под вакви услови не сака да ја споделува одговорноста која СДСМ ќе ја има пред граѓаните на Република Македонија и македонскиот народ, во ситуација кога СДС оди директно спротивно на волјата на мнозинството граѓани на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ја потсетува и СДС и јавноста дека вакви крупни отстапки во овој договор кој според стручната јавност ќе има далекусежни последици, не беше најавен од СДС во текот на предизборието кога ја бараа поддршката од македонските граѓани и од тој аспект со прифатените отстапки СДС врши крупна изборна измама на граѓаните и долгорочна штета на македонската нација, народ, јазик и историја. ВМРО-ДПМНЕ потсетува и дека еден ден, како и секој друг договор, и овој договор може да биде преиспитан. Се што се потпишува, а е спротивно на волјата на мнозинството граѓани на било која земја не може да се очекува дека како контроверзна и ненародна одлука нема еден ден да е предмет на преиспитување, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ жали што двете преговарачки страни одлучија, како што велат, набрзина, без инклузивност на сите политички фактори и стручната фела и неземајќи ја предвид волјата на македонскиот народ да се склучи овој договор, со тоа ставајќи ја ВМРО-ДПМНЕ во позиција да не го поддржи договорот.

-ВМРО-ДПМНЕ со индигнација ги осудува и отфрла сите навреди од оние кои со измислени лаги се обидуваат да дадат друг карактер на барањата и позициите на ВМРО-ДПМНЕ, од типот дека ВМРО-ДПМНЕ била против влегување во НАТО и ЕУ, дека одработувала за Русија или дека била анти-бугарска партија. Сето ова се фабрикувани измислици со цел да се покрие и прикрие срамниот чин на овој капитулантски договор на СДС, за кој очигледно истата има обезбедено мнозинство во Парламентот на Република Македонија. Исто така за нас е навредливо ословувањето со македонисти наместо Македонци, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ потсетува на апелите кои ги даваа во изборната кампања укажувајќи од потребата и ризиците во овие значајни моменти ВМРО-ДПМНЕ да добие поддршка од 63 пратеници, што за жал не се случи.

-ВМРО-ДПМНЕ ги потсетува македонските граѓани дека постои начин да се казни СДС за ваквиот однос и непочит кон мнозинството граѓани во Република Македонија, а тоа се следните избори во Македонија на 15-ти октомври. ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека незадоволните македонски граѓани не треба револтот да го насочуваат кон соседна Бугарија која како и секоја друга земја се бори за остварување на своите интереси, тоа е легитимен политички чин. Во овој договор претставник на македонската нација е Владата на СДС и целокупната одговорност е нејзина, се вели во соопштението.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

ДЕНЕСКА БОГОРОДИЧНИ ПOKЛАДИ: Макавеите во македонската народна тpaдиција

Во животот на нашиот народ макавејските денови имаат важно место. Според нив се прогнозирало времето и се планирале поважните...

Сончево до 36 степени, за викендот нecтабилно со дожд и гpмежи

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и...

Eckaлиpa нeзaдoвoлcтвoтo кај граѓаните, 3aпaлeни два автомобили на ЕВН во Тетово

Два службени автомобили на ЕВН вечерва се запалени во Тетово, информираат граѓани на социјалните мрежи. Засега нема официјални информации за причинителите, ниту пак за евентуални...

Сpaмота: Пензиониран генерал прeживува гoлгoта, 10 дена со температура оставен да лeжи дома без лeкарска помош

Која здравствена институција функционира во оваа држава? Ова прашање го поставува Агрон Газафер чиј татко преживува голготa во Македонија. Тој на социјалните мрежи побара помoш...

Викендов останете дома, ново нeвpeме ќе ја зaфати Македонија

За време на викендот, особено во попладневните часови територијата на Македонија ќе биде зафатена од влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места...

More Articles Like This