ЦРВЕНА ЅВЕЗДА ГО ПОМИНА МИЛАН НА УЕФА РАНКИНГОТ НА КЛУБОВИ: Белградскиот клуб се искачи на 79 место на ранкот на УЕФА

  • November 7, 2018

Црвена Звезда по победата против Ливерпул од 2-0 во Лигата на шампиони го премина Милан на ранг-листата на УЕФА и сега е 79. според коефициентот.

Покрај седумкратниот шампион на Европа, српскиот клуб ги премина уште Макаби Тел Авив, Малме, Спартак Москва и Динамо Москва. Веднаш пред Црвена Звезда се Евертон, Цирих и Партизан, но белграѓаните би можеле и нив да ги преминат наскоро на оваа листа.

Инаку, со добри резултати пристигнуваат и пари, па шампионот на Србија досега заработи речиси 25 милиони евра од досегашните настапи во ЛШ.

Претходно «
Следно »