October 21, 2021, 1:34 pm

Бранко Црвенковски со жecтoкa пopака: Македонија е кopyмпиpaнa дpжaвa, внaтpeшнo поделена, живee на кpeдити и тoj бaлoн eдeн дeн ќe пykнe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија денеска е корумпирана држава, внатрешно длабоко поделена и конфронтирана, која живее на кредити и еден ден тој балон ќе пукне со катастрофални последици, кажа поранешниот претседател Бранко Црвенковски на денешниот свечен научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941 – 1991 / 1991 – 2021 година.

На собирот кој се одржа во организација на МАНУ, покрај академици говореа и поранешните претседатели  Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов и актуелниот претседател Стево Пендаровски.

Црвенковски кажа дека Македонија 30 години по осамостојувањето е корумпирана држава, нема еднаквост пред законот, нема правда, нема доверба во судството и со тоа нема фер пазарна економија каде ќе одлучува квалитетот, а не  како што кажа „подмачкувањето онаму каде што треба“, нема квалитетно образование, здравство и ефикасна јавна администрација. Македонија е и внатрешно длабоко поделена и конфронтирана држава, каде не може да се изгради консензус околу ниту едно стратешки важно прашање.

„Македонија е држава која живее на кредити, а постои една изрека ‘кој живее на кредит, умира на рати‘. Во 2001 година бруто надворешниот долг изнесувал 1 милијарда и 494 милиони долари. Во 2011 година бруто надворешниот долг пораснал на 6 милијарди и 271 милион долари, а денес, во 2021 година тој изнесува фантастични 11 милијарди и 545 милиони долари. За 20 години, бруто надворешниот долг пораснал за повеќе од 10 милијарди долари. Па каде завршија тие пари и што е уште поважно, како ќе се враќаат тие пари. Вака понатаму не може. Овој балон еден ден, порано или подоцна, ќе пукне, со сите катастрофални последици што од тоа ќе произлезат“, рече Црвенковски.

Црвенковски во говорот кажа дека земјава уште не ги почнала преговорите со Европската унија сега поради спорот со Бугарија, па затоа потребно е да се најде алтернатива, за која рече дека не е истокот ниту далечниот исток, туку сами да работи на спроведување на реформите.

„Ни беше најавено, па дури и гарантирано дека Преспанскиот договор е клучот што ќе ги отвори двете врати. За жал испадна дека не е така. Станавме членка на НАТО, но заради позициите  на Бугарија не можеме да ги отпочнеме преговорите со ЕУ.  Во секој случај јас не би ставил знак на еднаквост помеѓу Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство и соработка со Бугарија од најмалку една причина. Преспанскиот договор со Грција, кој јас не го сметам за добар, уште помалку за идеален, туку за избор на помалото зло, сепак затвори едно тешко отворено прашање. Договорот со Бугарија, не само што не затвори ниту едно прашање, туку напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија, кои до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја што компромис едноставно не е можен“, рече Црвенковски.

„Политичарите велат дека полноправното членство во ЕУ е нашата единствена опција за која не постои алтернатива. Не постои и воопшто не размислуваме за план Б.“ Го поставувам прашањето, а што ако не заради нас, не затоа што ние не сакаме или не сме спремни да ги спроведуваме неопходните реформи и да ги исполнуваме неопходните критериуми, туку затоа што самата ЕУ реши да нема понатамошно проширување, а такви размислувања во рамки на Унијата веќе има. Што во тој случај ќе правиме ние за кои не постои друга алтернатива? Ќе се самоукинеме, ќе се самораспуштиме како држава“, кажа Црвенковски.

Според него земјата треба сама, не затоа што Брисел ни наметнува да ги спроведе неопходните реформи во сите области.

„Ако нашата главна идеја водилка е: „НАТО ќе нè брани, ЕУ ќе нè храни“, тврдам дека ниту ќе се одбраниме, ниту ќе се нахраниме. Зарем не е логично дека никој од надвор не може да биде повеќе заинтересиран од нас самите во каква држава ќе живееме и каква држава ќе оставиме на нашите деца и внуци“, рече Црвенковски.

Црвенковски како решение понуди да се направи национална платформа околу која ќе се постигне широк општествен консензус и ќе биде задолжителна за спроведување за сите, без разлика кој ќе биде власт а кој опозиција, сè додека клучните работи не бидат доведени во ред. Тој ги повика МАНУ, Универзитетот ‚Свети Кирил и Методиј‘, Стопанската комора и претседателот Стево Пендаровски да покренат таква иницијатива.

Извор: sdk.mk

Latest News

ХOPOP: Кичeвчaнeц гo y6ил свojoт тaткo co нoж

Во полициската станица во Кичево синоќа бил приведен 30-годишен жител на овој град, со иницијали М.М, поради сомнение дека...

More Articles Like This