ЦРВЕН АЛАРМ: Ќе станеме ли земја во која царува „белата чума“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се повеќе работа за гробарите а помалку за бабиците.

Ова го покажуваат поразителните бројки кои полека но сигурно го вклучуваат црвениот аларм имајќи предвид дека лани природниот прираст бил едвај 1.436 лица, додека пред 23 години бил 15.772 лица.

Македонија е на работ на амбисот наречен „бела чума“ – феноменот што го последниве години ја мачи целата Европа. Официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗР) покажуваат дека лани природниот прираст бил само 1.435 лица што е најлош резултат од основањето на нашата држава во 1944 година до сега! Замислете лани во однос на 2016 година природниот прираст на Македонија се намалил за дури 44 отсто!!!

Ова е црвен аларм што значи дека Владата ќе мора ова прашање да го постави за приоритет на својата агенда. Природниот прираст е соодносот меѓу бројот на новородени живи деца и бројот на почитани лица во текот на една календарска година. Тоа е најзначниот податок за виталноста на една нација. Македонија е сериозно исправена пред канџите на „белата чума“ и може да ни се случи за година, две или три предзнакот на природниот прираст да стане негативен односно во Македонија во тек на една година да има повеќе умрени лица од бројот на живородени деца. Ова е најсериозен проблем и на многу побогати држави и стари демократски друштва во цела Европска унија.

Што покажува статистиката ? Од што се крева коса на глава?

Пред 23 години односно во 1994 година, малку по прогласувањето на нашата независност, природниот прираст во Република Македонија бил 15.772 лица , што значи дека бројот на живородени деца бил 31.421 наспрема бројот на починати лица кој бил 15.649. Лани, тој сооднос е следен: живородени се 21.754 деца. Тоа е 9.667 деца помалку од 1994 година односно 31 отсто пад на наталитетот за 23 години. Наталитетот со мали осцилации бележи континуирано намалување. Лани во однос на 2016 година е еден од најизразените падови заедно со преодот од 201 кон 2011 година и преодите 2000-2001 година и 1996-1997 година. Кај морталитетот состојбата е следна: во 1994 година бројот на починати лица бил 15.649 лица, а лани нивниот број изнесува 20.318 лица. Споредбата меѓу овие две години покажува дека морталитетот лани е за 4.669 лица односно за 30 отсто поголем од 1994 година.

Ако продолжиме со ова темпо за некоја година Македонија и официјално ќе стане земја во која повеќе луѓе умираат одошто се раѓаат.

Неодамна имаше многу критики кои беа упатени на сметка на проектот трето и четврто дете со кое власта во изминативе пет години стимулираше наталитет со финансиски стимулации за мајките и за многудетните семејства. Критиките се однесуваа на тоа дека не ги дала програмата посакуваните резултати. За жал од актуелната влада односно од Министерството за труд и социјала досега не чувме ниту видовме нови мерки со кои ќе се направи таа програма поефикасна. Ниту пак можевме да се увериме дека бробата за зголемен наталитет ќе биде врвен приоритет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This