November 30, 2021, 10:42 pm

Црна Гора дoнece oдлyкa: Oд дeнec влeз вo зeмjaтa бeз ПЦP-тecт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство на Црна Гора одлучи да дозволи влез во Црна Гора од денес без задолжително тестирање на коронавирус, изјави министерката Јелена Боровиниќ-Бојовиќ.

Боровиниќ-Бојовиќ на прес-конференцијата рече дека епидемиолошката состојба во Црна Гора е подобра денес и дека во овој момент 57,3 отсто од болничкиот капацитет е исполнет со ковид-пациенти, а дека тој процент порано бил 67 отсто.

„Не можам да го објавам точниот датум на пристигнување на вакцините затоа што секој ден водиме преговори. Очекуваме подетални информации од 10 до 15 дена. На крајот на јануари мислам дека вакцините треба да пристигнат во Црна Гора”, рече таа.

Боровиниќ-Боровиќ истакна дека сакаат прво вакцини со европски сертификат и дека преговараат со „Фајзер“ и со „Астра зенека“.

Latest News

(Видео) Решена мистеријата за исчeзнувањето на античкиот град и древната цивилизација во Кина

Пред околу 5.300 години, во источна Кина се појавила древна цивилизација која изградила прекрасен град каковпретходно не постоел во...

More Articles Like This