May 14, 2021, 2:42 am

Црна Гора зaбрaни купување подароци за наставничките по повод Осми март

Поврзано

- Advertisement -

Министерството за образование, наука, култура и спорт им наложи на директорите на основните училишта да спречат организирање на набавка на подароци за наставници на 8 март и со тоа да ја запрат практиката што важи со години во образовните институции, пишува Дан. Во писмото испратено до директорите на 2 февруари се вели дека родителите се обратиле до Министерството за образование „со приговор дека преку вибер групи, од учениците се собираат средства за да се купат подароци на одредени датуми“.

Во писмото од министерството се бара директорот, во соработка со наставниците, да ги спречи овие активности, бидејќи тие не се однесуваат на воспитната функција на училиштето.

Според Слободан Савовиќ од Синдикатот на образованието, одлуката на министерството да забрани купување подароци за наставници на 8 март е строга и студена на прв поглед.

„Треба да се знае дека овој вреден празник на нашите ценети колешки жени во претходните години го направи бесмислен кичот и конкуренцијата кој ќе купи поскап подарок и ќе изрази љубов и внимание на тој извртен начин“, изјави тој, пренесува Бета.

Здружението на родители изјави дека мислењата се поделени за оваа одлука. Кристина Михаиловиќ, од тоа здружение, изјавува дека потегот на министерството генерално не е лоша одлука, но дека некои родители сметаат дека немало потреба од тоа.

Latest News

Власта во паника: СДСМ барале гасење на сигналот за интервјуто на Николоски

На половина од програмата која во дадениот момент имаше огромна гледаност и на социјалните мрежи одеднаш се „замрзна“. Вечерва емисијата...

More Articles Like This