ЦРНИЧЕ КАКО ПОЈАСОТ ГАЗА: Силни полициски сили се упатија пред домот на Елизабета Канческа – Милевска

  • November 15, 2018

Неколку бробени возила, десетици полицајци под полна опрема и неколку новинарски екипи вечерва се упатија пред домот на пратеничката Елизабета Канческа – Милевска во скопската населба Црниче

 

За вечерва е најавен протест пред домот на Канческа – Милевска, во организација на неколку граѓански здруженија до Скопје и внатрешноста на Македонија, а целта е искажување на незадоволство поради нивното делување во Собранието на Р.Македонија.

Како што информираат организаторите, тие ќе бараат од Канческа – Милевска да не гласа за Уставните измени со кои се предвидува промена на уставното име на државата, откако претходно ја напушти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и обезбеди двотретинско мнозинство на владините предлози за иницирање на промена на Уставот во Собранието.

Канческа – Милевска е бивш министер за култура со најголем стаж во претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Таа од партијата експресно беше исклучена откако постапи спротивно на партиските документи, програма и заложби, гласајќи за Уставните измени предложени од СДСМ со цел промена на уставното име на Р.Македонија.

 

Претходно «
Следно »