ЦРНОГОРЕЦ СЕ САМОЖРТВУВАШЕ: Ова е човекот кој фрли бомба во Американската амбасада во Црна Гора

  • February 22, 2018

Црногорската полиција се сомнева дека 43- годишниот Далибор Јауковиќ е мажот кој синоќа фрли бомба во дворот на американската амбасада, а потоа изврши самоубиство, дознаваат „Вијести“.

Јауковиќ живеел во Подгорица, а роден е во Кралево.

Во експлозијата нема други жртви, а мотивот за нападот се уште не е познат.

На Фејсбук профилот на Јауковиќ се гледа дека е награден со медал за заслуги во областа на одбраната и безбедноста на Сојузна Република Југославија во 1999 година.

„Нападот се случи кратко по полноќ“, објави владата на Црна Гора на Твитер. Во првото официјално соопштение за нападот се додава дека непознат човек изврши самоубиство со експлозивна направа, а дека пред тоа фрлил експлозивна направа во американската амбасада од раскрсницата во близина на спортскиот центар. Притоа се додава дека направата фрлена во амбасадата најверојатно е кашикара.

Претходно «
Следно »