ЦУЦУЛОВСКИ: Што друго останува освен да се констатира дека хаосот во државата секојдневно се зголемува?!

  • February 25, 2019
  • Коментари

Професорот Љубомир Цуцуловски на својот фејсбук профил денеска напиша:

ИНТЕРЕСНА СИТУАЦИЈА. Република Македонија повторно се наоѓа пред интересна ситуација. Пред извесно време Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика, објаснуваше (повикувајќи се, како што тврдеше, на науката и искуствата на демократскиот Запад) дека во наредниот попис ќе нема графа за национална/етничка припадност, бидејќи етничката припадност немала употребна вредност. Денес, пак, Зоран Заев објави дека ќе има графа за етничка припадност. Во ваква ситуација, интересно е да се чуе мислењето барем за следново. (1) Дали по изјавата на Зоран Заев, Апостол Симовски ќе го повлече своето претходно мислење? (2) Ако го повлече, дали тоа значи дека неговото претходното мислење не било втемелено врз науката, како што тврдеше? (3) Ако не го повлече, а остане директор на Државниот завод за статистика, значи ли дека науката се повлекува пред власта и политиката? (4) Каде ова води? Има уште многу дилеми, но и овие се доволни.

П.С. Работата на Собранието, како и работата на собраниската Комисија за мандантно-имунитетски прашања (директно поврзани со пратеничкиот имунитетот на Трајко Вељаноски) нема што да се коментираат, бидејќи претставуват коментари сами за себе. Што друго останува освен да се констатира дека хаосот во Државата секојдневно се зголемува?

ИНТЕРЕСНА СИТУАЦИЈА. Република Македонија повторно се наоѓа пред интересна ситуација. Пред извесно време Апостол…

Gepostet von Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski am Montag, 25. Februar 2019

Претходно «
Следно »