November 28, 2020, 11:26 am

Цeнитe нa гopивaтa ce мeнyвaaт oд пoлнoќ, eвe кoлкy ќe чинaт

Поврзано

НИНА НЕ МОЖЕ ДА ЈА СОКРИЕ РАДОСТА: РАСТ ОД 177% ВО ОНЛАЈН ТРАНCAKЦИИТЕ КОН ДОМАШНИТЕ Е-ТРГОВЦИ

На првиот ден од годишната конференција за е-трговија која годинава се одржува по трет пат се обрати поранешната министерска...

Нејасните мерки од страна на Владата доведоа до пaд во ekономијата

Лазар Јовевски, универзитески професор во своето гостување во емисијата 24 Анализа зборуваше за целата ситуација во Македонија каде посочи...

Од ноќеска повтopно нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја соопшти одлуката за цените на горивата кои ќе важат од полноќ. Согласно одлуката...
- Advertisement -

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за денар до денар и половина за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,11 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за еден денар за литар, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денари за литар.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 60 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе с епродава за 61,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 51, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,384 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 27,58 денари.

-Неколку причини, односно информации влијаат врз зголемување на цената на нафтата. Најавите од ОПЕК за разгледување на можноста од значително намалување на производството на нафта и во 2021 година, како резултат на дополнителните ограничувања на движења, наметнати поради пандемијата во Европа е една од причини која придонесе за пораст на цената на нафтата. Се проценува дека со ваквиот пристап ќе се овозможи да настане умерен пад на глобалните залихи, кој се очекува да се забрза со средината на 2021 година, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Во исто време, додаде, како ценовно чувствителна се рефлектираше објавената информација на фармацевската компанија Pfizer, дека вакцините за Covid-19, се покажале како ефикасни во 90 отсто кај случаевите кои се испитуваа во доцна фаза.

-Реакцијата на оваа вест во нафтениот сектор предизвика скок на цената на нафтата за повеќе од 10 отсто, што покажува колку се важни позитивните вести поврзани со пандемијата. Растот на цената на нафтата исто така реагирала овој период и на падот на амеркинаскиот долар и победата на Бајден, со која се најавува завршување на трговската војна која со Кина и ЕУ ја отвори Трамп, оцени Бислимоски.

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи бележат зголемување: кај бензинот за 8,563 отсто, дизелот за 9,152, екстра лесното масло за 10,956 и кај мазутот 9,339 отсто. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,831 отсто.

Latest News

У6иeн шeфoт нa иpaнcкaтa нykлeapнa пpoгpaмa

Началникот на иранската нуклерана програма Мохсен Фахризаде е убиен во близина на Техеран, потврди Иранското министерство за одбрана. Според соопштението,...

Седумдесет и шест годишен cтpyмичaнeц co бacтyн вo paкa ги мoтивиpa млaдитe дa дapyвaaт kpв

Седумдесет и шестгодишниот Панче Николов, кој досега дарувал крв над 120 пати, со бастунот во рака се уште ја продолжува својата хумана мисија која...

Пpивeдeнo лицe oд Скопје зa cтopeнo paзбojништвo

Триесет и осумгодишен скопјанец е приведен вчера за издржување притвор во Затворот Скопје за сторено кривично дело „разбојништво“. МВР денеска соопшти дека скопјанецот А.З. е...

Во Јапонија peкopднo згoлeмyвaњe нa нoви cлyчaи нa кopoнa

Јапонското Министерство за здравство денес потврди дека 2.530 лица се разболеле во последните 24 часа, што е најголем дневен биланс на новозаболени лица од...

Фаучи: Baкциниpaјтe ce дypи и aкo cтe ce oпpaвилe oд Koвид-19

Водечкиот американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи ги советуваше Американците кои веќе имале коронавирус, или претпоставуваат дека го имале, да се вакцинираат веднаш...

More Articles Like This