January 17, 2021, 10:31 am

Цpн Koвид пpoceк: Bo пocлeднaтa нeдeлa ymиpaaт пo пoвeќe oд 30 лyѓe днeвнo

Поврзано

СЗО бара поocтри мерки во европските мерки

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика европските земји да сторат повеќе во спречување на ширењето на новиот сој на...

Кoвид-19 пронајден во сладолед во Кина, целата серија повлечена од продажба

Во Кина, коронавирусот е пронајден во еден вид сладолед, поради што целата серија е повлечена од продажба, соопшти тамошната...

Руската вакцина може да ја запре пaндемијата, тврдат европски медиуми

Русија ја направи вакцината „Спутник V“ и покажа можност за самостојно развивање на лек што може да ја потисне...
- Advertisement -

Секој трет тест направен вчера дал позитивни резултати. Според податоците на Министерството за здравство, од 3143 тестирања дијагностицирани се 1039 нови случаи а дури 15 пациенти починале.  Црн ден во Прилеп. За 24 часа во градот под марковите кули починале дури 6 лица, сите над 65 години. Само од почетокот на ноември од последици кои министерството за здравство ги поврзува со ковид 19 починале 567 лица што во просек е нешто помалку од 24 смртни случаи на ден. Уште полош е просекот во последните 7 дена. Од минатата среда до денеска починале дури 216 пациенти што е просек од над 30 смртни случаи на ден.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 56 164. Како оздравени се водат 33 892 лица, а вкупно починаа 1 561.

Болниците се речи си полни, но од Министерството за здравство велат дека се уште има слободни капацитети а како што се јавува потреба така се отвораат и нови. Во таа насока се најавува и стартот на ковид центарот во кој ќе работи медицински персонал од приватното здравство во еден од своите поранешни објекти кој треба да биде приспособен до почетокот на идната недела. Овој капацитет ќе има 100 легла, а само во Скопје вчера се хоспитализирани 39 пациенти и заедно со нив, во болниците на јавното здравство во главниот град се лекуваат 486 пациенти. Од Министерството за здравство велат дека во моментов  во скопските ковид центри има дваесетина слободни кревети а се очекува да се ослободат уште неколку откако во текот на денот некои пациенти ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Latest News

Каракачанов: Македонија е најромантичен и најтpaгичен дел од бугарската историј

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана одново повтори дека темата Македонија била од стратешки интерес во Бугарија. „Бидејќи, како што...

More Articles Like This