Цpпkaтa отсега го kpacи и kpyнa – диkтaтop во xибpидeн peжим

Поврзано

Taжнa вecт: Пoчинa Кирил Псалтиров, дoajeн на мaкедонското глyмиштe

Денес на 08.05.2021 после долго и тешко боледување, во Скопје, почина Кирил Псалтиров доајен на македонското глумиште. Тој беше еден...

(Видео) „Oдимe нa EП“: Пoглeднeтe гo cпoтoт нa нaвивaчкaтa химнa нa нaшaтa фyдбaлcкa peпpeзeнтaциja

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го објави официјалниот спот на навивачката химна „Одиме на Европско првенство!“  на нашата фудбалска...

Колумна на Мирка Велиновска: Колективен кретенизам на Западот

Секоја година на 9-ти мај нормалните луѓе со здрав разум и историско помнење го чествуваат денот на објавената победа...
- Advertisement -

И кога ќе помислите дека сме го допреле дното Владата на Зоран Заев покажува дека МОЖЕ „уште повеќе, уште подобро“. Се чини дека „перцепцијата“ на граѓаните за корупцијата во Македонија беше само почеток на лошите резултати на старо-новиот премиер.

Имено минатата недела извештајот на „Транспаренси интернешнл“ ја позиционираше Македонија на катастрофалното 111 место во светот според корупција, позиција која е историски најлош резултат на државата од нејзиното постоење. Или што би рекле злонамерниците на владата на Заев, е за 49 места полош резултат од оној на „режимот“ на ВМРО-ДПМНЕ до 2016 година.

Ова недела имаме нов (да ни извини ЛГБТ заедницата)„пед*рски“ извештај што би рекол премиерот, извештај објавен на 02.02.2021 година, а се однесува на изминатата 2020 година. Според Индексот за демократија кој секоја година го прави реномираното британско списание „Економист“, во Македонија и официјално владее режим, хибриден режим.

Годинава Македонија се наоѓа на катастрофалното 78-мо место во свет, во друштво на држави како Никарагва, Танзанија, Молдавија и Бангладеш.

Колку за споредба во 2014 година за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија се наоѓала на 72 место, а во 2010 на 73 место. Но она што е клучно е тоа што Македонија во тоа време не е рангирана како хибриден режим туку како демократија со недостатоци.

Под дефиницијата демократии со недостатоци според „Економист“ се подразбираат нации каде изборите се фер и слободни и се почитуваат основните граѓански слободи, но може да имаат проблеми (на пример, кршење на слободата на медиумите и мало сузбивање на политичката опозиција и критичари). Овие нации имаат значителни грешки во другите демократски аспекти, вклучително и неразвиената политичка култура, ниското ниво на учество во политиката и проблеми со владеењето.

Хибридните режими според „Економист“ се нации со редовни изборни измами, спречувајќи ги да бидат фер и слободни демократии. Овие нации вообичаено имаат Влади што вршат притисок врз политичката опозиција, правосудството, имаат широко распространета корупција, вршат притисоци врз медиумите, спроведуваат анемично владеење на правото и имаат поизразени грешки од демократиите со недостатоци во сферите на неразвиената политичка култура, ниско ниво на учеството во политиката и проблеми со владеењето.

И се чини дека „Економист“ во својот последен извештај совршено ја дефинираше состојбата во Република Македонија.

Доколку говориме за изборите минатото лето не можеме да заборавиме на милионскиот поткуп на гласачи затскриен зад антикризни владини мерки, корона пакети од СДСМ и хакираниот систем на Државната изборна комисија.

Притисокот врз опозицијата е евидентен, ВМРО-ДПМНЕ е партија со блокирана сметка, блокиран имот, функционери под судски прогон, и најважно – под закана дека ќе биде прогласена за терористичка организација во политички монтиран процес.

Ако говориме за правосудството и корупцијата тука е случајот „Рекет“ во кој Бојан Јовановски директно го посочи премиерот како човекот кај кого завршиле рекетираните пари во државата, а минатото лето го слушнавме истиот премиер – секако во ликот и неделото на Зоран Заев – како нарачува „Трас – Трас“ судски одлуки. Да не го заборавиме и директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев со торба полна пари.

Можеме да говориме и притисоците врз медиумите ако сакате. Па токму уредникот на Инфомакс, Александар Митовски е осуден за оддавање на службена тајна во судска постапка која траеше еден ден, без шанса да се изнесат докази на одбраната. За оддавање на службена тајна му се суди и на уредникот на Лидер, Љупчо Златев. Дузина други новинари и медиуми се под секаков вид на притисоци, од закани за кривичен прогон до финансиски истраги.

Судејќи по она што ни се случуваше изминатите три години „Економист“ и да сакал не можел подобро да ја дефинира Македонија.

Црпката доби и круна на која гордо стојат зборовите – хибриден режим.

Latest News

Јенс Шпан: Пaтyвaњaтa вo ЕУ ќe бидaт мoжни и бeз пoтвpдa зa вakцинaциja

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан смета дека летниот одмор во рамките на Европската унија ќе биде можен и...

More Articles Like This