January 27, 2021, 2:03 am

ЧАУШОТ ПРОТИВ ПОЛИЦИЈАТА: Убиениот терорист бил „жртва на режимот“ иако бил терорист на ОНА и фрлал бомби врз полицијата

Поврзано

„Aх бре лигaви едни социјалдемократи, целото владеење ви се сведе на зakани, лaжење и национални предавства“

Ах бре лигави едни социјалдемократи. Целото владеење ви се сведе на закани, лажење и национални предавства, пишува на Фејсбук...

Котеска: He нe пpaвете тиkвa бeз кopeн

Универзитетската професорка Јасна Котеска зборува со пиетет за македонските научници од светски ранг. -А. Коцарев (р. 1889) е прв македонски...

Комерцијална банка предупредува: Лажна Фејсбук страница се претставува во нејзино име

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти и соработници дека името на забележаната лажна Facebook страница е на...
- Advertisement -

Захир Бекири-Чауш на социјалните мрежи се огласи по повод денешната акција на полициската единица „Тигри“ во тетовското село Ларце каде беше застрелано лице со дебело криминално досие, баран повеќе од една деценија.

-Падна првата жртва од новиот режим. Албанец во Тетово, Бог да го прости. До актуелната власт, не тепавте во Бит пазар, во Гостивар, во тетово за Универзитетот, сега пола полицајци од тој Универзитет имаат дипломи. Ви веруваме нарочито јас! Не сјебавте сите, а мене посебно со кејф. Е па идете у пичку матер, доста беше, напиша Чауш на својот Фејсбук профил.

Неколку часа траела акцијата на специјалците на МВР за приведување на 38 годишниот Ј.Р. По претходно направен план, полицијата ја опколило куќата на криминалецот но тој веднаш дал отпор.. Во самоодбрана фрлил рачна бомба. Од МВР велат дека по ова облекол панцир, со себе зел автоматска пушка со три рамки оружје, пиштол и четири рачни бомби па побегнал на околу 200 метри од својот дом.. Со ова не престанала престрелката. Тој повторно се обидел да фрли рачна бомба кон специјалците но бил застрелан.

Утринава, тој со панцирен елек и тешко вооружување се обидел да и возврати на полицијата, по што набрзо бил смртно застрелан на околу 200 метри од неговиот дом во тетовско Ларце.

Реџепи, освен криминалец, бил и припадник на терористичката ОНА во текот на 2001-та година активен во тетовскиот регион, и регионот околу Грпучин и Карпалак, каде што под команда на Талат Џафери и Хазби Лика беше извршен масакар врз конвој на АРМ.

Latest News

(Видео) Ekcплозијата го потрeсе Ријад

Експлозија го потресе главниот град на Саудиска Арабија Ријад во вторникот, три дена откако кралството пресретна и уништи проектил. Корисниците...

More Articles Like This