ЧЕЛЗИ ЌЕ МУ ПОНУДИ ИСТОРИСКИ НАЈГОЛЕМ ДОГОВОР НА АЗАР: Лондонскиот клуб е подготвен да му понуди 17.5 милиони евра по година за да го задржи својот најдобар фудбалер

  • December 5, 2018

Премиерлигашот Челзи ќе му понуди нов договор на Еден Азар вреден 17,5 милиони евра годишно и ќе го направи најплатен фудбалер во тимот, пишува „Дејли експрес“.

Челзи сака да го обезбеди во своите редови одличниот белгиски репрезентативец кој е цел на Реал Мадрид кој во него гледа замена за Роналдо.

Затоа, алармот е вклучен во Лондон управата на „сините“ ќе се обиде да договори продолжување на соработката.

Воедно се сака да се избегне ситуацијата со голамнот Тибо Куртоа кој оваа отиде во Мадрид, бидејќи му беше последна од договорот.

Ако се согласи на новите услови, Азар ќе стане најплатен и ќе го надмине Канте кој неодамна склучи договор на 16 милиони евра годишна плата.

Азар е член на Челзи од 2012 и има освоено две титули во Премиер лигата и Лигата на Европа, но често нагласува дека негов сон е да игра во Реал Мадрид.

МИА

Претходно «
Следно »