Червар ги загуби нервите: Подобро е јас да не зборувам, бидејќи тоа ќе биде многу лошо

  • December 5, 2018

Победата против Некс Нашице во рамки од 10. коло од СЕХА лигата, за Лино Червар беше последен меч на клупата на ППД Загреб.

Селекторот на Хрватска сега ќе се насочи кон подготовките за Мундијалот во јануари, но побара од челниците на клубот да ја известат јавноста за причината поради која тој си заминува.

„Сакам клубот јавно да открие зошто повеќе не сум тренер на ППД Загреб. Тоа нека биде јасно и гласно и да биде што поскоро. Во последните неколку години, постојано се „валка“ моето име и би сакал да слушнам зошто. Постојано сум нападнат, тоа не е фер.

Ќе чекам клубот да се изјасни, претходно нема да зборувам. Доколку не ја кажат вистината, нема да молчам, а тоа ќе биде многу лошо. Ќе кажам се и тоа нема да им се допадне на сите“ , рече хрватскиот селектор.

„Коцкестите“ под водство на Червар ќе ги започнат подготовките за Светското првенство, каде се во група заедно со Македониа, Шпанија, Исланд, Бахреин и Јапонија.

Претходно «
Следно »