January 24, 2021, 4:12 am

Честитка од Пендаровски за Рамазан бајрам: Да останеме претпазливи и дисциплинирани и да ги почитуваме препораките во борбата со Ковид-19

Поврзано

И нa Брнз и дojдe пpeкy глaвa: Beтoтo на Бугарија e pизик нe caмo зa Македонија, туку и за ЕУ

САД се разочарани од ветото на Бугарија поради бројни причини, а пред сѐ затоа што веруваат дека Македонија беше...

(Видео) УЈП нajaвyвa пpoлoнгиpaњe нa poкoт зa пoднecyвaњe дaнoчнa пpиjaвa, cмeткoвoдителите најавуваат пpoтecт

Фирмите овој месец наместо до 25 јануари данокот за додадена вредност ќе можат да го пријавуваат до 29ти. Директорката...

(Видео) Oтидe и jaзикoт..: Македонија ce oткaжa oд “македонски“ и пpифaти “oфициjaлeн jaзик нa РСМ“ – кој oд двaтa e тој?

Преговорите околу историските факти помеѓу Македонија и Бугарија се водат во тајност, што наиде на рекации и противење во...
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните со исламска вероисповед, со желба празникот да го поминат во среќа, добро здравје и во хармонија со најблиските.

На крајот на светиот месец Рамазан, по еден месец пост, посакувам сите ваши молитви да бидат слушнати и кај сите верници да преовладаат солидарноста, разбирањето и помагањето на оние на кои им е потребна помош. Овој празник нека нè потсети дека само со заеднички заложби и меѓусебна почит ќе можеме да ги одржиме живи вредностите што нè обединуваат и ни обезбедуваат меѓучовечко разбирање и поубава иднина, се вели во честитката на претседателот на државата.

Тој истакна дека оваа година, празникот Рамазан бајрам го чествуваме во период кога не само нашата држава, но, и целиот свет, се соочува со една од најголемите закани за човештвото.

Ја користам оваа можност да ви се заблагодарам за вашите досегашни напори и за посветеноста во спроведувањето на мерките за заштита од пандемијата. Ве повикувам да останеме претпазливи и дисциплинирани и да ги почитуваме препораките во борбата со Ковид-19 за да излеземе на крај со овој генерациски предизвик и да обезбедиме здрав живот за сите нас во иднина, порача претседателот Пендаровски.

Празникот Рамазан бајрам нека донесе мир во вашите срца, спокој во душите, радост и слога во домовите, се вели на крајот од честитката на шефот на државата

Latest News

Научниците потврдија: Koгa чoвeк лaжe, тoj гo имитиpa гoвopoт нa тeлoтo нa oнoj штo го лaжe

Неодамнешниот експеримент на холандски истражувачи од Универзитетот во Ротердам, кој го проучуваше влијанието врз говорот на телото и движењата,...

More Articles Like This