Честитка од премиерот Димитриев по повод Св. Кирил и Методиј

Поврзано

ЈАНУШЕВ: Мора да се запазат роковите кои им се потребни на ДИК за организирање на избори

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев смета дека треба да се запазат роковите кои што му се потребни да...

НЕОФИЦИЈАЛНО: Пендаровски нема да ја продолжи вонрeдната состојба?

Три дена пред истекувањето на третата одлука на претседателот Стево Пендаровски, во владејачкиот табор, според неофицијални информации на „360...

АКТИВИСТОТ БЛАГОЈЧО ГОРГИЕВ: Правдата не е донесена, Заев лaже и не ги исполни ветувањата

Граѓанскиот активист Благојчо Горгиев, кој беше дел од Шарената peволуција во „Што не е јасно“ на Алфа истакна...

Премиерот Емил Димитриев им го честита на граѓаните на Република Македонија 24 Мај – Денот на светите Кирил и Методиј, македонските и сесловенски просветители.

emil-dimitriev

– Историското наследство и делото кое зад себе го имаат оставено Светите Кирил и Методиј е едно од најзначајните богатства на нашата држава и македонскиот народ. Големината и богатството на еден народ, меѓудругото се состои и во неговиот капацитет да ги збогати и другите народи, односно целата цивилизација, а македонскиот народ ваквата големина ја покажал преку бројни историски личности, а несомнено едни од најзначајните се Светите Браќа Кирил и Методиј, пишува Димитриев во честитката.

Како изумители на глаголицата и како промотори на словенската писменост во многу места во светот, наведува Димитриев, светите Кирил и Методиј се вградија во историското и духовно растење на многу народи во светот, а посебно ја задолжија Македонија од каде и потекнуваат и каде поминале голем дел од нивната просветителска мисија.

– Токму затоа со чествувањето на денешниот празник и искрената почит кон големите браќа Свети Кирил и Методиј, македонската држава задржува силна светлина кон просветителите кои толку конкретно одбележаа една цела епоха во историјата на христијанската цивилизација, а посебно во историјата на Македонија. Наша е гордоста и привилегијата да ги спомнуваме и да празнуваме во нивно име и во нивна чест.  Нивното дело да продолжи да ни биде инспирација за да продолжиме да создаваме дела и вредности кои ќе бидат од интерес за сите граѓани на нашата земја, кои ќе ги подобруваат економскиот стандард, условите во образованието, можностите во културата и ќе помогнат во унапредувањето на сите општествени сфери, и кои ќе придонесат за создавање амбиент за личен професионален и приватен развој на секоја индивидуа преку стекнувањето на знаења и вештини кои ги прават луѓето вредносно поконкурентни во секоја област, пишува во честитката на премиерот Димитриев.

Актуелно

(Видео) „ЌЕ СИ ЛЕЖАТ“ ИМА ИНДИЦИИ ЗА КРИМИНАЛ: Чулев најави истраги за корупција на носители на јавни функции

Министерството за внатрешни работи отвора неколку истраги во кои инволвирани се и носители на јавни функции, ова ексклузивно за...

ПАНИКА ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: Заразена вработена во Агенцијата, била во контакт со повеќе лица

Вистинска паника владее во Агенцијата за вработување откако денеска е потврден првиот случај на позитивен вработен во оваа државна институција. Заразената вработена имала контакт...

Инфектологот Цана: Во просек сега имаме повеќе заразени отколку кога беше воведен полицискиот час

Доколку кривата со нови случаи продолжи со ова темпо во наредните денови, вкупниот број на заразени од Ковид-19 кај нас ќе ги надмине првичните...

KOНЕЧНО ЌЕ МОЖЕМЕ КОГА САКАМЕ ДА СЕ ДВИЖИМЕ: Од денеска целосно се укинува полицискиот час

Од денеска целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Македонија. Оваа одлука е донесена...

ДО КОГА ЌЕ ГО ПУШТАТЕ ДЕВОЈЧЕТО ДОМА РАСПЛАКАНО?: Заев ја oбвини Нина Групер за лошата состојба на буџетот

Планира ли Зоран Заев да ја пyшти низ вода министерката за финансии, Нина Ангеловска? До кога ќе го пуштате девојчево дома да си оди...

Повеќе вести