October 18, 2021, 3:04 am

Четврти бран на ковид – Мaкeдoниjа на вpвoт во Евpoпа по cмpтнocт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не стивнува бројот на новодијагностицирани КОВИД-случаи, а преку 20 починати покажа и вчерашниот биланс. Македонија е во европскиот врв според бројот на починати лица со Ковид-19 во однос на бројот на население, покажуваат повеќе објавени статистики во кои пак Бугарија е со најголема смртност од вирусот во ЕУ.

Во меѓувреме тече вакцинацијата на сите пунктови низ државата. Во тек е и теренската имунизација.

Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), засега нема итна потреба од трета доза вакцина за општата популација. Се препорачуваат дополнителни дози или „засилувачи“ за луѓе со ослабен имунолошки систем, во согласност со ставот на СЗО.

Во земјава заклучно со 1 септември вакцинирани се вкупно 733.226 граѓани. Во државата се аплицирани 1.280.332 дози вакцини, а ревакцинирани се 547.105 граѓани.

Согласно последните бројки, 53 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 28 отсто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Од Министерството уште еднаш нагласуваат дека вакцините се безбедни, ефикасни и дека се единствениот начин да се победи пандемијата.

– Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување и од смртен исход, велат од Министерство.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) наведе дека приоритет е да се вакцинираат оние кои не ја завршиле вакцинацијата. Притоа потенцира дека сите вакцини одобрени во ЕУ штитат од хоспитализација и тешки форми на КОВИД.

– Според сегашните сознанија, нема итна потреба да се администрираат дополнителни дози за целосно вакцинирани лица. Но,дополнителните дози за луѓе со сериозно ослабен имунолошки систем треба да се земат предвид како дел од нивната вакцинација доколку не постигнале доволно ниво на заштита, подвлече европската агенција со седиште во Стокхолм, во која има претставници на околу 30 земји, вклучително и 27 членки на ЕУ.

На 18 август, Светската здравствена организација (СЗО) го критикуваше брзањето на богатите земји за третата доза на вакцина против КОВИД. Досегашните научни податоци, нагласи, не укажуваат дека има таква потреба.

– Давањето трета доза сега би било како да се додаде „спасувачки елек за луѓето што веќе го имаат, додека другите да се удават без и најмал елек за спасување, рече директорот за итни случаи во СЗО, Мајк Рајан.

Поради ширењето на делта варијантата, неколку земји одлучија или размислуваат за дополнителни дози, најчесто за луѓе со кревко здравје, но и за целата популација.

Статистиките покажуваат дека секое трето лице на возраст над 18 години се уште не е целосно вакцинирано.

Кај нас досега се направени вкупно 1.169.901 тестирање на КОВИД-19. Од почетокот на пандемијата се дијагностицирани 178.159 случаи, оздравеле 157.294 пациенти, а починале 5.987. Бројот на активни случаи изнесува 14.878. Вчера, КОВИД-билансот покажа 760 новозаразени, оздравени 644 лица и починати 23.

Latest News

Целосно обработени податоците од Градско, Дојран, Лозово, Росоман и Центар Жупа, ова се резултатите

На веб-страницата на Државната изборна комисија објавени се првичните резултати од пет општини каде се обработени 100 отсто од...

More Articles Like This