October 18, 2021, 1:42 am

Чешка бара 25,5 милиони евра оштeтa од Русија поради ekcплозиjaта во вoeниот магацин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прага побара од Москва целосно да ја надомести штетата по експлозиите во воениот магацин во селото Врбјетице во 2014 година, за која Чешка се сомнева дека ја предизвикале руските разузнавачки служби, пишува весникот „Млада фронта Днес“.

Заменик министерот за надворешни работи Мартин Смолек му ја предаде соодветната нота на рускиот амбасадор во Прага, Александар Змејевски, пишува весникот.

Чешките власти ја проценија штетата на 650 милиони круни, или 25,5 милиони евра.
Заменик министерот исто така ја обвини Москва за кршење на меѓународното право поради фактот што Чешка беше ставена на списокот на непријателски држави.

Прага во април годинава објави дека руските разузнавачки служби биле вклучени во инцидентот што се случил во Врбјетице. Чешката страна протера 18 вработени во руската амбасада од земјата. Како одговор, Москва прогласи 20 лица од чешката дипломатска мисија за персона нон грата. Во мај, Чешка, заедно со Соединетите држави, беше ставена на списокот на непријателски држави.

Во Русија, обвинувањата во Прага беа наречени апсурдни, неосновани и измислени, истакнувајќи дека тоа е дел од големата кампања на Западот против Москва. Како што потенцираа во Кремљ, недокажаните напади на Чешка предизвикаа огромна штета на односите меѓу двете земји.

Latest News

Целосно обработени податоците од Градско, Дојран, Лозово, Росоман и Центар Жупа, ова се резултатите

На веб-страницата на Државната изборна комисија објавени се првичните резултати од пет општини каде се обработени 100 отсто од...

More Articles Like This