Чилиманов: Јанева бара од медиумите да не ја критикуваат

  • October 9, 2016
  • Коментари

„Во третиот извештај Специјалната обвинителка, Катица Јанева безмалку се прогласува за партиски функционер и едноставно бара од телевизиите да го балансираат своето известување за неа“, истакна новинарот и член на ад-хок телото за медиуми, Цветин Чилиманов.

chilimanov

„ Таа од медиумите бара да не ја критикуваат, додека тие забелешки не важат за телевизиите што од друга страна небалансирано известуваат, односно ја фалат што и да направи. Работата на медиумите коишто ја критикуваат нејзината работа се смета за новинарски пропуст“, вели Чилиманов.

Тој додава дека работата на ад-хок телото во агенцијата е да мониторираат баланс на известување меѓу политичките функционери, но одеднаш во третиот извештај, главен проблем станаа критиките кон Катица Јанева.

„Јанева не е политички функционер, таа е раководител на државна институција, за што според сите новинарски правила треба да се постапува критички. Треба да и се поставуваат прашања – колку пари потрошила, како ги потрошила, дали вршела притисок врз сведоци?“, смета Чилиманов и додава дека во последниот извештај се бара начин да се најдат основи за нова рунда казнувања на медиумите, на што инсистира СДСМ. Тој смета дека балансот во однос на политичките партиите е добар, а медиумите објавуваат приближно ист број прилози за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Главен фокус на анализа во новиот извештај за мониторирање на медиуми е известувањето за СЈО и работата на Катица Јанева. Според Агенцијата преку наслов и пренесување на изјава на обвинител, ТВ Нова гради негативен став кон СЈО. Телевизија Сител пак е критикувана поради пренесени коментари, статуси и изјави на професори и аналитичари кои, според АВМУ, негативно зборуваат за Јанева.

 

Претходно «
Следно »