ЧЛЕНОВИТЕ НА СДС ВО ТЕТОВО НЕ СМЕАТ ДА ПИСНАТ: Ќе си ја гласаат Теута Арифи, сакале тие или не!

  • September 26, 2017

Симпатизерите на СДС од Тетово сакале или пак не, на овие локални избори ќе мора да ја поддржат Теута Арифи, која повторно, безсрамно ќе ја бара поддршката од македонските гласачи.

Но, раководството на СДС очигледно заборава или се прави дека заборава на ветувањата која Арифи ги даваше изминатите години за Македонците во Тетово. Ветуваше брда и долини, а за возврат Македонците од Тетово добија отпуштања од раководни позиции, улиците каде претежно живее македонско население останаа полни со кратери, а капелата која ја ветува веќе неколку години, очекувано, остана само празно ветување.

 

Не смее да се заборави дека градоначалничката Теута Арифи остана глува и на барањата на Македонците од Тетово за изградба на православен храм во градот. Но, ова е само мал дел од сето она по кое Теута ќе биде запаметена од тетовци.

Не смее да се заборави ниту депонијата која веќе со години го убива населението на Тетово. Арифи не ја засегаат ниту протестите кои граѓаните ги одржаа наназад низ годините молејќи за чист воздух.

Исто така и ветувањето на Драги Рашковски дека депонијата ќе биде расчистена, беше само уште едно лажно ветување. Депонијата во Тетово не е померена ниту за еден сантиметар, а камо ли пак да биде целосно дислоцирана. Арифи остана слепа и глува, но веројатно не и жедна на проблемот со водоснабдувањето кое ги мачи тетовци. Таа пред жителите на овој град, но и камерите ветуваше дека во август оваа година вода ќе пристигне во секој дом, но за среќа никој не и поверува, бидејќи тетовци се уште чекаат вода.

 

За крај, уште еднаш да ги потсетиме симпатизерите на СДС од Тетово за што ќе го дадат својот глас на овие локални избори:

  1. Теута избрка и се уште брка Македонци од раководни функции во градот.
  2. На една рака може да се избројат дупките на улиците кои Теута ги „закрпи“.
  3. Теута и пред првиот мандат ветуваше капела, но остана само ветување.
  4. Теута ветуваше дислоцирање на депонијата која го убива овој град, но само ветуваше.
  5. Теута не го реши проблемот со водоснабдувањето на Тетово.
Претходно «
Следно »