ЧОВЕЧИЊАТА МОЛАТ ДА ГЛАСАМЕ: Сепак ние #Бојкотираме!

  • August 7, 2018
  • Коментари

Човечињата еден по еден ги вадат на телевизија да не молат да гласаме, но сепак ние цврсто стоиме на ставот дека #Бојкотираме референдум на кој треба да се промени името, јазикот и идентитетот на државата. Само последен во низата кој излезе да ги моли граѓаните да гласаат, е шарениот Павле Богоевски кој требаше да биде независен пратеник, но со начинот на кој тој се однесуваше во парламентот изминатава година во повеќе наврати тој докажа дека е се само не независен. Го извадија за уши на телевизија да каже:

– Со постигнатиот македонско -грчки договор, за прв пат во историјата на Република Македонија се нуди нај фер и најдобра шанса, историски гледано, за обезбедувањето на иднината на сите граѓани на Република Македонија; Поддршка на овој Договорот и референдумското изјаснување, за иднината на Република Македонија е највисок патриотски чин, вели Павле Богоевски.

И навистина е смешно и дегутантно кога ќе го видите човекот кој ги фарбаше спомениците на македонската историја, работеше на уништување на државата и нејзините институции како говори за патриотизам.

Претходно «
Следно »