ЧУДОТО ШТО МУ СЕ СЛУЧИ НА ЕДЕН МАКЕДОНЕЦ НА СВЕТА ГОРА: Cите, останале шоkирани

  • March 3, 2019

Неодамна насекаде се пишуваше и зборуваше за чудото кое му се случи на еден Македонец на Света Гора во Грција.

Според тамошните медиуми ова чудо се случило пред неколку години во манастирот Дохијар на Света Гора.Чудото било објавено од страна на некој монах кој присуствувал на тој настан а за ова чудо се зборувало и на некое предавање во Солун.

Во тој манастир се наоѓа чудотворната икона на Мајката Божја наречена Брзопослушница.

Според ова сведоштво, во овој манастир дошло 18 – годишно момче од Струмица заедно со својот татко. Ова момче било нeмо и дошло овде да се помоли. Заедно со некој роднина од Солун кој му раскажал за чудотворната икона во овој манастир дошле во манастирот.

Откако пристигнале во манастирот, веднаш застанале пред чудотворната икона, и се случило нешто неочекувано. Ова 18 – годишно момче никогаш до сега во животот немало изговорено ниту еден збор, а сега наеднаш започнало да зборува нејасно на македонски јазик: „Мајко Пресвета, подари ми здравје!“

Откако ова го слушнале сите, останале шоkирани. Молбенот продолжил, и откако завршила молитвата, момчето се свртел кон присутните и изговорил: „Ви благодарам, веќе се чувствувам многу добро.“

И ова случка е доказ дека љубовта на Пресвета Богородица е голема, а исто така и моќта на ова чудотворна икона. Му благодариме на Бога за се што прави за нас.

За ова чудо слушнаа сите, и затоа копијата од ова чудотворна икона е донесена во Струмица, во храмот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ од страна на монасите од светогорскиот манастир Дохијар.

Претходно «
Следно »