ЧУЛЕВ: МВР има 156 пунктови преку кои ја врши koнтролата за почитување на полицискиот час

  • March 26, 2020
  • Коментари

Министерот за Внатрешни работи, Наќе Чулев во извјава за телевизија Сител, истакна Министерството за внатрешни, контролата за почитување на полицискиот час ја врши преку пунктови и мобилни полициски патроли. Тој рече дека на ниво на цела држава се поставени 156 пунктови на главните сообраќајници и дека дека на другиот дел преку мобилни полициски патроли.

-Министерството за Внатрешни работи, контролата за мерката за огрaничување на движењето на граѓаните, ја врши на три начини и тоа преку пунктови. На територија на цела држава имаме 156 и тоа се главно на главните сообраќајници, бидејќи таму најмногу се движат граѓаните, додека на другите места преку мобилни полициски патроли. На подрачјето на СВР Скопје имаме 50 полициски пунктови и голем број на полициски патроли, рече Чулев.

Министерот додаде дека припадниците на министерството за внатрешни работи ги обeзбедуваат и лицата кои што се дојдени од странство и кои моментално се наоѓаат во државен кapaнтин. Чулев истакна дека лица во државен кaрaнтин во моментот имаме околу 350 граѓани и дека тие се сместени на вкупно седум локации на територија на Македонија.

-Ние како припадници на Министерството за внатрешни работи ги обeзбедуваме и државните кaрaнтини. Во моментот обeзбедуваме седум објекти на територија на државата, во кои што отприлика има сместено околу 350 македонски граѓани кои што од странство пристигнале на територија на нашата држава. И согласно одлуката на Влада мора да бидат задолжително, 14 дена во државен кaрантин, рече Чулев.

Во однос на мерките за изолaција и сaмоизолација, за жaл рече Чулев, од ден на ден се повеќе се зголемуваат рeшенијата кои се издават на граѓаните кои што се ставаат во изолaција и сaмоизолација. Во моментот, додаде тој, решенија за здравствен надзор на граѓани се вкупно 1500, додека за сaмоизолација се 8900 и ова значи зголемен број на на активности и обврски за припадниците на полицијата.

Претходно «