Чecтиткa oд претседателот Пендаровски пo пoвoд христијанскиот празник Богојавление – Водици

Поврзано

Koj сака да ги pacипе однocите помeѓy EУ и Русија?

Можеби Русија и ЕУ не се во добри односи , но и двете страни се трудат да ги...

(Фoто) Откpиeнa адpecата во центapот нa Coфија кaдe „живeaт“ илjaдници Maкeдонци co бугapcки пacoши

Бугарската агенција БГНЕС објави една адреса на која се водат дури 45.752 имиња со место на живеење, а нивниот...

Koи пpeвapaнти и нeпиcмeни нe вoдaт: И Бугapckиот и Гpчкиот договор ce кocат co ocновните пocтyлaти на Евpoпcката Униja

Годината е 2021, а Македонија точно 20 години е во чекалната на Европската Унија, откако на 9 април 2001...
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан.

Почитуван г.г. Стефан,

Имам особено задоволство и чест Вам лично и на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, и да ви посакам да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и со среќа.

Годинава, за жал, Богојавление – Водици го празнуваме во несекојдневни околности предизвикани од пандемијата на Ковид-19, која ги загрози нашите животи, здравје, благосостојба, но и предизвика преиспитување на нашите вредности и уверувања. Сепак, и без масовните собири покрај нашите води, како и со сите останати рестрикции согласно со безбедносните протоколи, повторно ќе ја посведочиме светата тајна на крштевањето. Повторно ќе ги наполниме нашите срца со верба, надеж и со љубов.

Во овие тешки времиња посакувам овој голем празник да ни биде духовна поткрепа за да истраеме во солидарноста, трпението, одговорноста и во грижата за сите наши сограѓани.

Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!

Бог се јави!

Latest News

Плaн за пyч во Србиja? – Peгpyтиpaни луѓе од највисокиот државниот врв

Висок функционер на Српската напредна партија (СНС) беше пред извесно време во Соединетите држави, каде што на еден од...

More Articles Like This