ШАНАЦ: ВМРО и СДСМ водат кампања за две различни држави, едната која постои низ вековите и другата хирбидна без корен!

  • April 11, 2019
  • Коментари

Коментирајќи го досегашниот тек на кампања, актерот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Шанац Михајловски во Отвореното студио на Инфомакс од Карпош посочи дека се чувствува како да се води кампања за две држави. Едната е Македонија која сите ние ја паметиме и има свој корен низ вековите, своја историја и онаа на Заев, хибридна која по некоја случајност во вториот дел од своето име го содржи зборот Македонија.

-Од другата страна гледаме празни флоскули, зборови, ветувања кои не држат вода. Имам чувство како да имаме кампња за две држави. За една Македонија која што ние ја паметиме, која што има корени, Македонија која постои низ вековите, Македонија од нашите предци и Македонија за нашите внуци. И втората кампања за некоја нова создадена хибридна држава која што случајно во вториот дел од своето име го содржи зборот на нашата земја, а тоа е Македонија. Не сакам ни името да и го спомнам. но очигледно е дека се поголем е јазот помеѓу оние  кои што се спремни и бебето да го фpлaт со прлјавата вода и оние кои сакаат го сочуваат тоа бебе, метафорично секако, да го израснат, да го остават да живее и да создава и понатаму. Се разбира тоа е Македонија.

Отворено студио од Карпош

Gepostet von infomax.mk am Mittwoch, 10. April 2019

Претходно «
Следно »