December 6, 2021, 7:09 am

„Шарените“ би ги нарекле „лудаци“ – 1.200.000 денари чинеше денешната екскурзија на Заев, Филипче и Шахпаска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако не ги пресметуваме дневниците на ангажираната јавна администрација при организирање на денешната екскурзија на Зоран Заев, Венко Филипче и Јагода Шахпаска, и ако ги вкалкулираме само трошоците за транспорт – две ескортни поворки, хеликоптер и обезбедување – екскуризијата Скопје-Прилеп-Скопје чини неверојатни 10.000 евра за еден час.

Математиката е едноставна:
На официјалниот сајт на производителот на хеликоптерот БЕЛ-412, цената за час лет чини 2.280 долари само во цена на гориво согласно цените по галон во САД, или преведено во денари за еден час хеликоптерот во кој летаа Заев, Филипче и Шахпаска „изгорел“ 120.000 денари.

Согласно официјалните цени за час лет на полицискиот хеликоптер во Македонија, цената на чинење е речиси двојно поголема.

„Еден час лет, или изнајмување на полицискиот хеликоптер чини 200.000 денари. Барем според податоците кои ги имам јас“ – вели Сотир Костов, истражител во хеликоптерската несреќа кај Петровец, но и главен истражител за падот на авионот на Борис Трајковски.

И, 200.000 денари по час за хеликоптер не е единствениот трошок кој денес го направија премиерот и министрите. Имено, за секој од овие високи владини функционери следи обезбедување, патен транспорт и протокол.

Според податоците на СОЗР, еден километар чини помеѓу 20% и 30% од цената на литар гориво. Во моментов, во Македонија, цената на литар Еуродизел е 55.00 денари, или цената на чинење по изминат километар за возилата во кои се превезуваат министрите и премиерот чини 16.50 денари по километар – или 5.045 денари од Скопје до Прилеп и повратно. Но, тоа е цена за само едно возило. Во делегацијата на премиерот има најмалку пет, односно, седум возила во случај како денешниот.

Оттука, цената од 5.045 денари е седумкратно повисока, или 35.343 денари потрошено гориво од Скопје до Прилеп и повратно, само за возилата кои празни мораат да бидат на местото на слетување на функционерите уште пред да пристигне хеликоптерот. Тука, не се вкалкулирани трошоците за истиот овој ескорт кој е удвоен и во Скопје – нели, функционерите треба да пристигнат од Влада до местото на полетување на хеликоптерот.

На овие трошоци, секако не смееме да ги заборавиме и трошоците за обезбедувањето на функционерите, а тоа се најмалку 15 лица. По еден шофер во секое возило, во случајов седум, двајца бодигарди за премиерот, по еден за министрите, по двајца полицајци во возило. Вкупно, седум возачи, 14 полицајци. И ова, удвоено бидејќи ваква композиција има една во Скопје – за транспорт Влада-хеликоптер – и една Скопје-Прилеп.

Ако дневница на овие ангажирани полицајци е 700 денари, вкупна цена за овие луѓе би била 19.600 денари. На ова не ги додаваме дополнителните часови на ангажираните полицајци кои со сигурност ќе бидат остварени.

Значи, вкупно за еден час екскурзија на Заев, Филипче и Шахпаска сме платиле 254.943 денари. На ова, додадете уште 200.000 денари час летање со хеликоптер, бидејќи на ваква тура речиси со сигурност хеликоптерот ќе лета до некое атрактивно туристичко место, и тука додадете ги трошоците по километар за возилата на обезбедувањето, и дневниците – во најмала рака ќе стигнеме до цена од 600.000 денари трошок за шетање на владини функционери. Платени од наш џеб. Во пандемија, во економија која се распаѓа. Во инфлација.

И, за трагедијата да биде поголема, објаснувањето на Владата и МВР е дека овој трошок е направен за да се „заштеди време“ и поради „ефикасност“ на премиерот и министрите.

Бре.

„Летовите со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи на премиeрот Заев и министрите Шахпаска и Филипче на релација Скопје – Прилеп, односно на премиерот Заев и министрите Филипче и Бочварски на повратната релација кон Скопје се во рамки на обврските за задолжително исполнување работни месечни часови кои согласно стандардите важат и за пилотите и за леталата. Причината за користење е поврзана со обврските и агендите на премиерот и министрите и потребата од рационализација на времето со цел секој од нив на време да ги заврши планираните теренски обврски и на време да може да се врати во Скопје за редовните владини и кабинетски обврски.“ – велат од МВР.

Од владата имаат слично, уште поступидно објаснување.

Постои уште една ставка трошоци, која не е вкалкулирана во оваа „пресметка“ но логично би требало да се пресмета. Тоа е пресметката на дневниците за стотината административци кои денес биле ангажирани за организација на премиерската екскурзија. Пресметката за вработените во АНБ кои неминовно се присутни на терен и земаат додатоци за овој ангажман – демек прават безбедносна проценка – за специјалците кои се ангажирани за обезбедување на локациите кои ги посетуваат „високите функционери“.

Цирка, 20.000 евра за еден ден.

Притоа, не може а да не се пренемагне (не)безбедносниот аспект на денешната екскурзија. Навистина, кој е тој безбедносен експерт кој денес заедно во едно летало ги ставил двајцата најодговорни функционери за справување со пандемијата?

Се отвара и уште едно прашање, колку заболени од КОВИД19 беа ставени во хеликоптер за време на пандемијата со цел да се спаси нивниот живот? Или за граѓаните кои ги плаќаат овие екскурзии на премиерот не важи правилото за „ефикасност“ и „заштеда на време“ со кое се правдаат од МВР и Владата?

И на крајот, користење на ваков вид на превоз се користи само во случаи кога патниот превоз е понебезбеден од воздушниот – кој инхерентно е понебезбеден – односно, кога постои опасност по животот на ВИП личноста. Како во случајов со Заев и Филипче, кои денес избегнаа да се соочат со стотици незадоволни тутунари, и уште толку гневни роднини на 333 починати прилепчани од коронавирус.

Latest News

Огромен астероид ќе влезе во орбитата на Земјата следната сабота

Огромен потенцијално опасен астероид, поголем од Ајфеловата кула, ќе влезе во орбитата на Земјата на 11 декември, објави американската...

More Articles Like This