ШАРЕНИТЕ ГНЕВНИ НА ЗАЕВ: Мијалков излегува од притвор, тие сеуште плаќаат казни што фарбаа државен имот!

  • December 27, 2018
  • Коментари

Актерката Симона Спировска, која што беше активна учесничка во Шарената револуција, ги плаќа казите затоа што протестираше, додека власта го ослободува поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков од притвор.

Активистката на својот Фејсбук профил објави дека и стигнала прекршочна пријава, но и дека истата нема да ја обжали. Таа додава дека ќе продолжи да ги негува идеалите и како што вели нема да дели ист печат со амнестираните и амнестирачите.

– Во ова предновогодишно и амнестирање(пропратено со лоботомија како еден од условите) ми стигна прекршочната за 27.06.2016, кога ме приведоа. Не сум ја однела да ја обжалам и нема. Решив да си ги плаќам веднаш по примањето. И тие обжалените кога ќе ми стигнат ќе си ги платам. И би одлежала ако не можам да ги доплатам само за да продолжам да си ги негувам идеалите и да не делам ист печат ни со амнестираните, нит пак со амнестирачите.
Грозен ви е злочинот, гадове!!!
Смрдите на шиткачи! Шиткачи на вредности!
Не сте само амнестирачи ами и соучесници.
Јас уште верувам дека еден ден ќе има овде држава, а тогаш ќе одговарате – стои во објавата на Фејсбук.

Претходно «
Следно »