ШАРЕНИТЕ ОЧАЈНИ И РАЗОЧАРАНИ ШТО НИКОЈ НЕ ГИ ДРУЖИ: Почнаа да работат против себе!

  • June 2, 2016

Безобразно и безобѕирно центарот на Скопје повеќе од два месеца е парализиран по 18 часот до 21 часот, а некогаш и до подоцна. Како да не им е доста, марионетите и платениците на СДСМ и на СОРОС во следните неколку дена планираат целосен хаос на скопскиот сообраќај и парализирање на клучните крстосници во Центар.

386718-sharenite-pochnaa-da-rabotat-protiv-sebe INFOMAKS

Веќе нема дилема – таканаречената “Шарена револуција” е дело на СДСМ. Официјалниот организатор, граѓанската иницијатива “Протестирам”, е само параван, додека вистинскиот организатор е СДСМ,пишува Вечер.

Тоа се потврди и завчера кога беше приведен возачот на комбето со кое низ Скопје се разнесуваше материјалот со кој се уништуваат државните објекти и споменици и е направена штета од 250.000 евра.
Лицето со прекар Џовани, кој е вработен во СДСМ, со службен пикап ги дистрибуирал боите, пиштолите, кантите, катапултите со кои се шара градот.
На социјалните мрежи може да се најдат фотографии на Џовани со раководството на СДСМ во Скопје, како и во внатрешноста на Македонија.

 

Од денеска, пак, опозицијата има нова тактика – блокирање на најфреквентните раскрсници во Скопје и навлекување на нервозата кај возачите во време кога во Скопје е најголемиот шпиц.
Имено, откако стана јасно дека нема ништо граѓанско во т.н. “Шарена револуција”, СДСМ и СОРОС соочени со се помалиот број на граѓани кои доаѓаат на нивните протести решија да го сменат планот. Па така  платениците на опозицијата и Соросовата фондација почнаа со блокади на раскрсниците низ градот.

 

“Ги замолуваме сите граѓани за трпение и за поддршка!” – велат демонстрантите на опозицијата. За малку е избегнат и инцидент на раскрсницата кај Соборниот храм кога група протестанти се нафрли на стара жена која им рече дека не е во ред да се прават вакви зулуми во градот и да се оневозможуваат граѓаните да ги обавуваат секојдневните обврски.

Во последните неколку недели, бројот на луѓе кои излегуваат на протестите на СДСМ и СОРОС од ден во ден значително се намалува. И порталите кои ги контролираат СОРОС и опозициската партија веќе не објавуваат фотогалерии за да не се види дека на улиците има едвај 300 граѓани наведува Вечер.

Со ова само се потврдува поврзаноста на СДСМ со протестите во Скопје и во другите градови. Досега раководството на опозицијата негираше дека има каква било поврзаност со организаторите на протестите, туку дека тие само ги поддржуваат.

Секојдневно на протестите што почнуваат пред СЈО може да се забележат партискиот портпарол Петре Шилегов, Лидија Димова, Јани Макрадули, Софија Куновска и др.

Но, сепак, вистинската потврда за директната поврзаност на СДСМ со протестите беше кога претседателот Зоран Заев и неговата заменичка Радмила Шекеринска фрлаа со балони полни со боја пред Министерството за правда и гордо ракоплескаа на секое успешно погодување на целта.

Познавачите на состојбите сметаат дека блокадата на раскрсниците е чекор кој СДСМ и СОРОС го преземаат соочени со фактот дека доаѓа летниот период во кој нивните активисти ќе заминат на одмор и ќе останат без никаква поддршка.
Официјално, зад протестите стои граѓанската иницијатива “Протестирам”, која никаде не е регистрирана.

 

Платениците на СДСМ ги преминаа границите: нападнати маж и жена со болно дете

Додека таткото очајно го бранеше своето болно дете од насилниците на СДСМ кои физички го нападнаа и се обидуваше да се разбере со платениците, болното дете и мајката во автомобилот доживуваа траума и ги гледаа навредите, свиркањата и физичките напади врз таткото кој очајно сакаше да помине.

Опозициските платеници почнаа да фрлаат со пластични шишиња кон автомобилот, сакајќи да се пресметаат со таткото и жената со болното дете кои се наоѓаа во автомобилот, што само покажува до каде е стигнат очајот и лудилото во платеничките редови пишува Вечер.

Претходно «
Следно »