ШАРЕНИТЕ РАЗОЧАРАНИ: Не не барајте на протести, уморни сме и разочарани, измрцварени секој со своја траума!

  • December 21, 2018

Една од водечките активисти на Шарената револуција Ирена Цветковиќ одговара на прашањето каде се “шарените” сега и зошто не реагираат на погрешните потези на Власта. Борецот за права на маргинализирани групи вели дека се уморила од борба, пренесува Експрес.

“Драги заинтересирани,

Шарените се тука, уморни и разочарани. Тука сме, во фиром, измрцварени, секој со својата траума. Се справуваме кој како може и знае.
10 години од нашите животи посветивме по улици, тротоари, плоштади. Протестиравме, се боревме и сонувавме за промени заедно.

Губевме време, нерви, здравје, некои од нас и работа, пријатели, членови на семејство.
Се боревме за право на абортус, за човекови права, за универзитетска автономија, против полициска бруталност.

Се боревме за слобода и правда, се боревме против режим. Бутнавме власт и добивме нова. Знаеме дека новата не е ни приближно добра како што се надевавме. Не барајте од нас и оваа битка да ја водиме.

Една власт симнавме низ протести. Немаме резервни животи за уште една деценија ист пат. Секој човек има сила за една голема битка. И толку.

Не ме барајте више за протести. Уморна сум, прегорена, разочарана. Од 10 години борба против режим заработив депресија, анксиозност и пристап до мир единствено преку апатија.
Вие сте на ред. Шарена заврши. Еве ви ги улиците, тротоарите, плоштадите. Борете се сега и за нас”, пишува Цветковиќ која нема сила за протестирање против оваа влада.

Претходно «
Следно »