October 31, 2020, 5:47 am

Шахпаска до народот: Ако немате компјутери ќе си купите во октомври

Поврзано

Даниловски бара да се прeцизира кога мора да се носи маска

Епидемиологот Драган Даниловски во дебата за „360 Степени“ даде неколку сугестии до Комисијата за зaразни болeсти за подобро да...

(Фото) Ни тој не ги почитува мерките: Караџовски штом се изгacнат камерите бeз маска

Претседателот на комисијата за зapазни болeсти, Жарко Караџовски денес беше гостин во емисијата „Само интевју“ на Канал 5 телевизија. Имено...

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го дeмaнтирaше синот на Амди Бајрам, Габриел

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ тврди дека синот на Амди Бајрам, Габриел, дошол да се тестира во лабораторијата на болницата...
- Advertisement -

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска им порача на родителите на ученици од основно и средно образование дека имаат прилика да ги купат потребните ИТ-уреди за следење на онлајн-настава за време на продолжениот викенд на 10, 11 и 12-ти октомври.

Оваа изјава на министерката е во најмала рака поигрување со народот. Родителите деновиве се на големи маки со платформата која не е стабилна, со неизвесноста за тоа како нивните деца ќе следат настава. Дополнителен проблем е што голем дел од семејствата немаат компјутер кој им е неопходен за онлајн настава.

Компјутерите се скапи, а народот долго време е во финансиска криза. Претставници на Владата наместо да најдат начин да им помогнат на овие семејства, тие даваат нелогични изјави кои се навредливи и потценувачки за родителите.

Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање зошто државата во четвртиот пакет на економски мерки не излезе со конкретна помош за купување на техничка опрема како компјутери и мобилни телефони заради онлајн наставата, таа рече дека токму купувањето во рамки на проектот „Викенд без ДДВ“ е можност за тоа.

-За време на „Викенд без ДДВ“ ќе може да се потрошат најмногу 30.000 денари во чии рамки може да влезе и таква опрема, а потоа на родителот ќе му се врати платениот данок, рече Шахпаска.

Данокот кој ќе му биде вратен на родителот е една незначителна сума, а остатокот сепак најголем дел од семејствата не се во можност да го платат. Со оваа владина мерка и со овој совет на министерката, родителите ќе можат да набават компјутер поевтин за само 5%!

Latest News

Расте црниот биланс: Бројот на зaгинaти во Турција се искачи на 20, повpeдени околу 800 лица

Бројот на mpтви во Турција расте по рaзорниот зeмјотрес. Според последните информации на министерот за животна средина и урбан...

Даниловски бара да се прeцизира кога мора да се носи маска

Епидемиологот Драган Даниловски во дебата за „360 Степени“ даде неколку сугестии до Комисијата за зaразни болeсти за подобро да се спрaвиме со пaндемијата и...

(Видео) Xaос во Барселона: Cyдири меѓу дeмонcтpaнтите и пoлицијата на пpoтестите пpoтив рecтриктините мерки

Демонcтрантите кои се прoтиват на рестриктините мерки за cyзбивање на пандeмијата на вируcот корона во Шпанија се cyдрија со полицијата на улиците на Барселона. Педесет...

Необичен феномен: Сина месечина ќе се појави на небото на 31 октомври

Небото во ноќта од 31 октомври спрема 1 ноември ќе биде осветлено со „сината месечина“, односно втора полна месечина во период од 30 дена....

Голема финансисkа добивка за неколку хороскопски знаци во текот на ноември

Астрологот Павел Глоба вели дека во месецот кој е пред нас дел од хороскопските знаци ќе почнат да се збогатуваат. Проблeмите со парите за...

More Articles Like This