September 27, 2021, 11:44 am

Шахпаска: Aпeлиpaм дo cитe вpaбoтeни oд дeтcкитe гpaдинки дa ce вakциниpaaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во интервју за Македонската радио телевизија, апелираше до вработените во детските градинки да се вакцинираат против Ковид 19, за да можат по завршувањето на годишните одмори, да работат со полн капацитет, согласно епидемиолошката состојба во државата. Шахпаска посочи дека бројките на Министерството добиени од Координативното тело покажуваат, дека помалку од половина од вработените во градинките се имунизирани.

„Во првиот бран, кога Владата подготвуваше и апелираше  приоритетни групи кои треба да се вакцинираат, беа и вработените во градинките. Голем дел од нив пристапија на процесот на вакцинација. Свесни сме дека мора да се грижиме, пред се за здравјето на децата, но и на вработените и на останатите граѓани,  ние мината недела, испративме дополнителен повик – апел. Но еве го користам и овој момент да апелирам до вработените во градинките, до оние кои не се вакцинирани, да се вакцинираат за да може по завршување на годишните одмори, градинките да работат со полн капацитет секако согласно епидемиолошката состојба во државата. Бројките кои ги добивме од Координативното тело задолжен за  процесот на вакцинирање покажуваат дека помалку од 50% од вработените во градинките се вакцинирани“, рече Шахпаска за националниот сервис.

Министерката за труд и социјална политика потенцираше дека со доследно почитување на протоколите од страна на вработените, родителите но, и поради природата на вирусот, согласно ограничениот број на присутни деца, градинките беа првите отворени објекти во услови на пандемија. Со тоа, рече Шахпаска покажавме дека се безбедно место за згрижување на децата.

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

Турција гo вклyчи цpвeниoт aлapм: Издaдeнo пpeдyпpeдyвaњe зa цyнaми пo cилнитe зeмjoтpecи штo гo зaфaтиja Kpит

Турција издаде предупредување за цунами по силниот земјотрес што денеска го погоди грчкиот остров Крит, јавуваат турските медиуми. Властите во...

More Articles Like This