ШВЕДСКА ГО МОБИЛИЗИРАШЕ РЕЗЕРВНИОТ СОСТАВ: За прв пат по децении, Шведска ја тестира борбената готовност на резервниот состав!

Поврзано

Рaдиоakтивно зрачење се шири од непознат извор

Невообичаена радиоактивност, низок интензитет и безопасна за луѓето, е забележана кон крајот на јуни во северна Европа и веројатно...

Назначен е новиот премиер на Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон денес го назначи конзервативниот политичар Жан Кастекс за премиер, откако Едуард Филип поднесе оставка. Во краткото...

Eкcплoзијa во фабрика за пиpoтeхникa во Турција, блoкиpaни 150 работници

По серија експлозии во фабрика за пиротехнички средства во градот Хендек, во турската провинција Сакарија, повеќе од 150 работници...

Шведска ја мобилизираше својата резервна домашна гарда, за да провери дали е подготвена да одговори на итни случаи за првпат по повеќе од 40 години, објавија шведските вооружени сили.

“За прв пат од 1975 година, вооружените сили спроведуваат ненајавен тест за итна подготвеност на целата гарда”, изјавија шведските вооружени сили.

Прес-службата додаде дека сите 40 батаљони на домашната гарда, кои заедно сочинуваат 22.000 доброволци, беа мобилизирани во вторникот за вежбата, која ќе продолжи и во текот на празнувањето на Националниот ден во средата.

“Ние имаме должност да ја зајакнеме одбраната на Шведска и да го зголемиме нашиот оперативен капацитет.Ова е начин да го сториме тоа.Ова е голема вежба. Ние го тестираме системот за итни случаи за речиси половина од нашата оперативна организација, нешто што не е направено од 1975 година , Рече Микаел Бајден, Врховен командант на шведските вооружени сили, како што беше цитирано во соопштението за печатот.

На крајот од мај, Шведската Агенција за итни случаи издаде брошура “Ако дојде до криза или војна” која беше поделена на 4,8 милиони шведски домаќинства за да ги научат луѓето како да се однесуваат во кризни ситуации – за време на терористички напади или во случај на војна.
Шведската гарда, која е составен дел од оперативната сила на вооружените сили, е основана во 1939-1940 година. Единиците се задолжени за заштита, следење и поддршка на општеството во време на криза, со што се обезбедува национален и територијален бедем за шведската одбрана.

Актуелно

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

(Видео) По зakaните по неговиот и животот на Јовановски, Дуковски видно вознемиpeн, известени се и амбасадите

Видно вознемирен и нервозен вака може единствено да се опиште денешниот настап на адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски при изјавата пред обвинителството откако...

Нови „бомби“ во етерот – што мисли Заев за Бранко Црвенковски и неговите луѓе, и колкав е неговиот капитал

Нови аудио снимки од свиркачи се појавија на социјалната мрежа „ЈуТјуб“ на кои може да се слушнат секвенци од разгвор кој Зоран Заев го...

Повеќе вести